Таг: курт вонегат

Оскар Ајзак ќе го игра Курт Вонегат во нова серија

Се вика „Хелтаун“, во моментов се развива од Амазон, а ќе се состои од 8 едночасовни епизоди во кои главната улога ќе ја игра дечкото кого почнавме да го почитуваме не толку од „Стар Ворс“ или од „Екс Макина“, колку од неправедно потценетиот филм на браќата Коен, „Во главата на Луин Дејвис“. 

Се отвoра нов музеј на Курт Вонегат

Во 2011 во Индијанаполис, родниот град на Вонегат, се отвори мал музеј и библиотека, во премал, дониран простор. Наскоро стана јасно дека тој не може да ги собере сите документи и предмети. Вработените направија кампања и собраа 1,5 милион долари за да се преселат во ново и подостоинствено место во истиот град. Од 22-28 септември тој е отворен за „ѕиркање“ пред официјалното отварање.

„Кралот на трутовите“: откриен нов расказ на Вонегат

Во 1950 Курт Вонегат напишал краток расказ кој никогаш не бил објавен. Повеќе од 60 години подоцна, уредници на нова збирка од негови дела го откриваат копајќи по стари документи. Неговиот наслов - „Кралот на трутовите“.