Таг: куп на купови

21 година по волејот на Недвед - Олимпико уште чека таква генерација

Една година откако го изгубија големото финале на Куп на УЕФА против Интер во Париз (0:3), Лацијалите се вратија на голема врата и го освоија Купот на Куповите. На денешен ден во 1999-та на „Вила Парк“ во Бирмингем со 2-1 ја победија Мајорка.

Симан и пред Шаќири имаше голем, голем кикс

На денешен ден во 1995-та година, шпанска Сарагоса и Арсенал играа финале на Куп на купови во Париз. Шпанците поведоа преку Еснајдер, Хартсон израмни, а во последните секунди од продолженијата пред пеналите Најим го шокираше Симан од преку 40 метри.

Последниот европски трофеј Арсенал го освои пред 25 години

Ако сте заборавиле или не сте знаеле, Купот на Куп победници беше европски турнир кој поживеа од 1960-та до 1999-та година. Во него играа победници на купови во своите земји, сериозни екипи, а еднаш го освои и Арсенал.

Од крадец на велосипеди до најголем Казанова во Европа

Во својата биографија Бобо Виери раскажува како ја пцуел жена му на Морати без да знае која е, колку пари изгубил на покер со Роналдо, за интимите со најубавите манекенки во Италија и за Ферарито кое му го купил контроверзниот Хесус Хил од Атлетико Мадрид.

Како Алекс Фергусон и Абердин завладеаа со Европа

Абердин е во одлична форма и е на само бод од лидерот Селтик во шкотската лига. Сезонава потсеќа на онаа од 1983/84-та кога Абердин освоил три големи трофеи под водство на Алекс Фергусон.

Олд скул фото на денот

Бирмингем 1999-та. Финале на Куп на Купови, екипата на Лацио пред мечот со Мајорка кој Римјаните го добија 2:1 со головите на Виери и Недвед. Стојат од лево на десно: Неста, Виери, Михајловиќ, Панкаро, Маркеџани, Манчини. Седат од лево на десно: Станковиќ, Фавали, Алмеида, Недвед, Салас.