Откако на крајот на април тешко се повреди на дуелот со Андерлехт, лекарите на Манчестер соопштија дека Златан може да пропушти 8-9 месеци. На почетокот на мај му го оперираа коленото па Лига Европа славеше на штаки. А веќе на 31. мај на Инстаграм приложи видео на кое се гледа како работи со топка.