Како никогаш до сега де-доларизацијата доби на сила на глобално ниво, а главен ќар од овој процес за сега има кинескиот јуан, меѓутоа процените се дека Кинезите и не се нешто посебно желни да го заменат доларот на светско ниво.
Саудиска Арабија е на пат да дозволи нафтата што Кина ја купува од нив да ја плаќа со јуани наместо како сите децении до сега со американски долари. И ова не е толку заради Кина, колку за инает на САД.