Едноставна, животна, искрена - таква е поезијата на Јовица, на која поголемиот дел од оние што сакаат да се нарекуваат македонски поети не ѝ се ни до колената. Во неговата биографија на крајот на оваа нова книга пишува: „Сè уште живее и работи во Скопје“. Фала богу, додаваме, инаку што би правел овој град без него?