Таг: измамник

Алан Абел - сатиричарот кој уживаше да ја мами американската јавност

Во 2018, пред Њујорк Тајмс да го објави некрологот за 94-годишниот Абел, новинарите сто пати провериле дали е сигурно мртов. Причина: во 1980 тој ангажирал цела мрежа свои пријатели и соработници да ја потврдат неговата смрт. Веста била објавена, за веднаш потоа Абел да побара извинување. Ова е само еден од многуте „перформанси“ кој тој успеал да ги изведе во текот на својот долг и како што изгледа, крајно забавен живот.

Приказната за Наполеон Хил, основач на жанрот „самопомош“ и измамник

Свесни сме дека во рубрикава често објавуваме текстови за некакви измамници или ликови кои целиот живот се обидувале (најчесто безуспешно) да се реобмислат себеси, оправдувајќи ги средствата со целта. Но во овие приказни има и нешто трогателно, во тој напор да се прикажеш како нешто што не си. Во случајов уште повеќе затоа што доаѓа од некој што денес би го нарекле „животен советник“.

Лажниот поглавица: најголемиот измамник од 1920-тите

„Џезд“ во 1920-тите (ерата на џезот) не асоцирало само на тип музика, туку било и придавка која означувала склоност кон алкохол, трикови и измами.