Таг: индивидуализам

Џордан Питерсон: Трагањето по среќата е бесмислена цел

По фамозното интервју во кое професорски ги деконструираше големите приказни на амбициозната и воинствена новинарка, да фрлиме поглед во багажникот на овој клинички психолог кој полека добива статус на рок ѕвезда, а кој, иако е далеку од десничар, моментално е најголемиот трн во очите на денешната -  политички коректна а ужасно нетолерантна - крајна левица.   

Наука потопена во нарцизам

Стереотипот а ла Big Bang Theory е: научниците се социјално хендикепирани фрикови, изгледаат ко клошари и се позагрижени за спинот на електронот отколку за бројот на лајкови (бидејќи и онака немаат профил на Фејсбук). Но реалноста е поинаква и повеќе личи на House of Cards.