Илија Нестороски е вториот странец кој успеал да стане најдобар стрелец во хрватското првенство. Сезонава ја запечати со хет-трик против Осијек за конечни 25 гола сезонава за Интер Запрешиќ кој заврши петти. Со одличната сезона заработи трансфер во Палермо вреден 500.000 евра каде го чека Александар Трајковски кој вчера славеше опстанок во Серија А. Инаку и вториот стрелец во Хрватска е наш, а тоа е Музафер Ејупи кој постигна 16 гола за Славен Белупо.