На дуелот од реномираниот Голд Куп меѓу Сад и Ел Салвадор, стоперот на Салвадорците Хенри Ромеро прво го гризна центарфорот Жози Алтидор а потоа и си играше со неговите гради. Фатен е од камерите и ќе му следува суспензија.
Малиот остров од Карабите кој има 150.000 жители за прв пат во својата историја успеа да се квалификува во Голд Купот откако славеше над Пуерто Рико со 4:2. Во јули 2017-та ќе биде дел од натпреварувањето на кое учествуваат и САД, Канада и Мексико. Алал да им е, славјето им е оправдано.
Неколку часа откако Мексико го освои Голд купот во САД, селекторот на оваа земја доби отказ поради тоа што на аеродром во Филаделфија го нападна новинарот со кој долго време не се мирисале.
Јамајка и Мексико ќе играат во финалето на Голд купот, откако првите го направија најголемото изненадување во историјата на овој турнир и ги елиминираа САД, а вторите со судиска помош ја победија Панама. Судијата ги скара и навивачите кои подоцна долго време се тепаа на трибините.
На КОНКАКАФ Голд Купот, Канада играше 0-0 против Ел Салвадор, а најголем кривец што мрежите не се тресеа е Канаѓанецот Кајл Ларин кој во првото полувреме излезе сам пред голманот на Салвадор, го помина и се посрамоти.
Како не им текна ова порано на челниците на ФК Вардар? Македонскиот шампион можеше да патува како што му доликува наместо со автобус до Букурешт. Најмалата земја во Централна Америка преку интернет собира донации за патот на фудбалерите во САД каде треба да играат на континенталното првенство.