Таг: голчиште

Голчиште од слободен удар

Фудбалерите на Ирак беа најголема сензација на Светското првенство за фудбалери до 20 години и за малку не успеаа да се пласираат во финалето. Тие загубија на пенали од Уругвај и покрај тоа што први поведоа и тоа со овој прекрасен гол од слободен удар на Али Аднан.

Корејско голчиште

Поругалија и Јужна Кореја одиграа интересен натпревар кој заврши со 2:2 на Светското првенство за фудбалери до 20 години, а во центарот на вниманието беше Риу Сеунг-Ву со овој прекрасен погодок.

Бразилски проектил од слободен удар

Поранешниот член на Бетис и повремен репрезентативец на Бразил, Рафел Собис постигна прекрасен гол од огромна далечина за екипата на Флуминенсе на гостувањето кај Португеза.

Српски проектили во Кореја

Северна и објави војна на Јужна Кореја, а Србите веќе испорачаа две „бомби“ во Сеул, ама фудбалски. Милош Босанчиќ од екипата на Геонгам беше стрелец на два прекрасни погодоци на гостувањето кај екипата на Сеул, но неговата екипа мораше да се задоволи само со бод.

Голот на викендот

Немавме време да ги изгледаме сите голови постигнати викендов, но и без да ги видиме другите, признанието за најдобар гол му го доделуваме на Араз Озбилиз од Кубањ на натпревар од руското првенство против Спартак Москва.

Јеменскиот Марадона

Репрезентативецот на Јемен, Ајман Ал Хагри на натпреварот против Малезија во рамките на квалификациите за азискиот куп постигна преубав гол, но сепак не го спречи поразот на неговата репрезентација.

Африканско голчиште

Викендов на фудбалските терени преовладуваа интернационалните натпревари на кои беа постигнати неколку убави погодоци, а еден од најдобрите голови беше дело на репрезентативецот на Јужна Африка, Табо Матлаба.

Првиот гол во кариерата на Траоре

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Џими Траоре постигна прекрасен гол за Сиетл на натпреварот против Тигрес во рамките на Лигата на шампиони на Северна и Централна Америка. Верувале или не, ова е прв гол во кариерата на Траоре на официјален натпревар.

Проектил од слободен удар

Франциско Кордоба од колумбискиот клуб Депортиво Переира постигна прекрасе гол со неверојатно силен шут од слободен удар и тоа во 94-та минута за конечни 4:4 против Онсе Калдас.

Турски волеј на годината

Веќе имаме еден кандидат за наградата Ференц Пушкаш која на крајот од годината му се доделува на стрелецот на најдобриот гол. Кандидатот се вика Корхан Озтурк и игра за турски третолигаш.

Форлан растура во Бразил

Колку да не го заборавиме, Диего Форлан ни праќа абер од Бразил. Минатата сезона Форлан во дресот на Интер на 20 натпревари постигна само 2 гола, по што премина во бразилскиот клуб Интернасионал каде само вчера на полуфиналниот натпревар против Еспортиво постигна 2 прекрасни погодоци.

Голчиштето на Кабај

Њукасл конечно победи по пауза од еден месец. Тие славеа на гостувањето кај Астон Вила со 1:2, а вториот погодок беше ремек-дело на Јоан Кабај и гол со кој францускиот интернационалец си се кандидираше за гол на сезоната во Премиер лигата.

Најубавиот гол во 2013

Евертон славеше на гостувањето кај Њукасл со 1:2, а пресвртот на овој натпревар го најави дефанзивецот Лејтон Бејнс со овој фантастичен погодок.

Голчиште на месецот

Не е Меси, не е Роналдо, Фалкао, Ибра... Дечкото се вика Жирес Кембо Екоко, роден е во Конго, има играно за младинска репрезентација на Франција, а во моментов настапува во првенството на Обединетите Арапски Емирати.

Спектакуларно футсал голчиште

Еден од најдобрите футсал играчи на сите времиња, 35 годишниот Фалкао на егзибициски меч во Бразил го постигна најверојатно најдобриот гол виден на футсал терените.

Француски гол на годината

Марко Естрада од екипата на Монпеље на натпреварот против Бастија постигна голчиште од 32 метри кој сигурно влегува во конкуренција за гол на сезоната во француското првенство.

Најдобрите голови во 2012-та година

ФИФА ги објави своите кандидати за Пушкаш наградата за најдобар гол на годината, а неколку часа подоцна Златан Ибрахимовиќ го постигна неговиот спектакуларен гол кој не влезе во конкуренција. Затоа ЕСПН го објави својот избор во кој секако влегува и погодокот на Ибра.

Голчиштето на Рами од пола терен

Валенсија го победи третолигашот Љагостера во рамките на шпанскиот куп со 3:1, а голот на вечерта го постигна Адил Рами кој го совлада противничкиот голман со удар од 50 метри.

Првиот гол на сезоната

Англиската телевизија БиБиСи секоја година го избира најубавиот гол на сезоната во англискиот фудбал. Првото издание беше во далечната 1970/71, а тоа признание без конкуренција му припадна на Ерни Хант од Ковентри за голот постигнат на натпреварот против Евертон.

Голови на неделата

Уживајте во изборот на TVGOLO за најдобите десет голови од изминатите седум денови.

Голови на неделата

Погледнете го изборот на TVGOLO за најдобите десет голови од изминатите седум денови.

Евроголови во Лига Европа

Во четвртото коло од Лига Европа беа постигнати вкупно 69 голови, а некои од нив беа вистински евроголови.

Сенегалска бомба во Русија

Младиот Сенегалец Муса Конате кој блесна со пет гола на Олимписките игри, го постигна своето дебитантско голчиште во шампионатот на Русија за екипата на Краснодар против Динамо Москва.

Евроголот на Миколи

Капитенот на Палермо постигна хет-трик при победата од 4:1 над Киево, а последниот негов гол беше вистинско ремек-дело од 40 метри.