Бразилецот Артур Маиа од Америка РН на натпревар против Глобо во регионалната лига на Рио Гранде постигна гол со кој се кандидираше за вбројување при врвот на листата на најдобри соло голчишта.
Мотаз Салани од екипата на Ал-Ведат во лигата на Јордан го постигна најчудниот гол оваа сезона. Намерно или не? Одлучете сами дали ова е најдобриот гол сезонава или Мотаз е најголем среќлија.
Третолигашот Тосно кој е оформен минатото лето, направи сензација во рускиот куп елиминирајќи го Спартак Москва и тоа со овој прекрасен гол на Владимир Филатов.
И тоа го чудо го видовме. На младински натпревар во Данска до 19 години, фудбалер на Нордсјеланд ја заби топката во двете пречки без да ја пипне мрежата.
Фабијан Тељо од репрезентацијата на Еквадор до 16 години убаво ги изработи своите врсници од Парагвај. Тој издрибла седум противници пред да го помине голманот и да постигна гол преку двајца играчи на гол линијата.
Голот на викендот падна во Јапонија. Хисато Сато од Хирошима даде голчиште против Кавасаки во стилот на Тиери Анри и неговиот чудесен гол против Манчестер Јунајтед во 2000-та година.
Голманот на Селтик, Фрејзер Фостер постави рекорд откако немаше примено гол на 13 натпревари, односно 1.256, а неговата неверојатна серија заврши на натпреварот против Абердин и тоа со ремек-делото на Џонатан Хејс.
Најубавиот гол досега во 2014-та година беше постигнат во Израел. Мајсторот се вика Барак Ицаки и игра за Макаби Тел Авив, a мајсторијата ја направи на последниот натпревар против Макаби Хаифа.
Јоан Гуркуф од Лион на натпреварот против Бетис го постигна најдобриот непризнат гол во историјата на Лига Европа. Гуркуф ја затресе противничката мрежа со удар од пола терен, но за жал судијата само свирнал фаул пред тој да го упати шутот.
Мајсторските голови често пати ни доаѓаат од ниските лиги, а овој пат го издвојуваме овој волеј удар од петтата англиска дивизија. Актерот е дефанзивец, а одбиената топка не дозволи да му тапне на земја, туку ја реши со два потези.
Само едно силно рогање и асистенција на противничкиот играч беа доволни топката да стигне и да му легне на Стефан Нолан кој ја пукна во голот на младински Куп во Ирска.
Нешто слично како голчиштето од Азија, се случи и во МЛС каде фудбалерот на Лос Анџелес Галакси, Шон Френклин на најдобар можен начин ги постави конечните 1:0 против Реал Солт Лејк.
Еден од најдобрите голови овој викенд беше постигнат во англиската трета лига, а мајсторот е Џо Џејкобсон од Шрусбери Таун кој ја скина мрежата на Шефилд Јунајтед со проектил од 30 метри.
Тинејџерот од екипата на Челси до 16 години, Мухтар Али успеа да го измами голманот на Реал Мадрид со гол од околу 40 метри на натпревар со кој младинците на англискиот тим освоија меѓународен турнир минатата недела.
Швајцарецот роден во Струга, Пајтим Касами од Фулам, на гостувањето кај Кристал Палас постигна прекрасен гол во стилот на Марко ван Бастен по одличен прием, контрола и убав волеј удар.