Таг: голчиште

Уште еден проектил од Иран

Не е некоја фудбалска земја, но ни отвора работа и ни го полни сајтот со голчишта кои ретко може да се видат и во најсилните европски лиги. Махер во ова коло е Воури Гафоури од тимот на Нафт Техран кој со бомбастичен удар му донесе бод на својот тим на една минута до крајот. Минатиот месец во истиот агол стрелаше Акбар Садеги.

Еквадорско голчиште

Јунак на куп мечот во Еквадор помеѓу Депортиво Универзитариа и Депортиво е Кенет Арк со овој решавачки мајсторски лоб удар на кој не ни мрдна голманот.

Слаломот на Јаховиќ

Ако во дебаклот со Србија може воопшто да има некаква светла точка, тоа дефинитивно е почесниот погодок на Адис Јаховиќ кој мајсторски ја помина цела противничка одбрана и го совлада голманот Стојковиќ во стил на врвен голгетер.

Голчиште од мртов агол

Поранешниот член на Интер, Лук Кастањос постигна хет-трик за младинската репрезентација на Холандија при победата од 0:6 на гостувањето во Грузија, а првиот погодок беше ремек-дело од невозможна позиција.

Голчиште на денот

На синоќешните 24 натпревари од Лига Европа беа постигнати 65 голови, а најверојатно најдобриот погодок беше дело на Виктор Клаесон од Елфсборг на натпреварот против Стандард Лиеж.

Јапонски фелш

Ѕвездата на јапонскиот фудбал, Хисато Сато од екипата на Хирошима на гостувањето кај Тосу постигна прекрасен гол со неодбранливо прецизен фелш удар.

Голмански еврогол

Голманот Бројн Акесон од шведскиот второлигаш Варнам на натпреварот против Варберг постигна гол за кој можат да му позавидат и врни напаѓачи, а воедно и му донесе бод на својот тим во третата минута од судиското надополнување.

Швајцарско кинење на мрежа

Валантин Штокер од екипата на Базел на натпреварот против Сион постигна прекрасно голчиште со проектил од околу 20 метри.

Голчиштето на Виктор Санчез против Билбао

Непоразениот Еспањол совладувајќи го Атлетик Билбао со 3:2 ја забележа третата победа по пет одиграни кола во шпанската Примера. Виктор Санчез беше стрелец на два погодоци, а првиот беше вистинско ремек дело.

Голчиштето на Жигиќ

Поранешниот српски репрезентативец ја враќа својата форма со играње за младинците на Бирмингем и на натпревар против врсниците од Лидс постигна прекрасен погодок со волеј удар.

Дриблинг магија за деби од соништата

Бразилецот Хјури имаше деби од соништата за екипата на Ботафого со два погодоци против Коритиба, а при постигнувањето на вториот гол, тој направи вистински дар-мар низ противничката одбана.

“Бомба“ од Иран

Акбар Садеги од иранскиот клуб Саба е махерот на овој проектил кој го испрати од околу 40 метри.

Ирачкиот Бејл

Левокрилниот ирачки дефанзивец од турската екипа Ризеспор, 19-годишниот Али Аднан постигна прекрасен гол на натпреварот против Кајзери Ерчијеспор. Не за џабе турските медиуми му го дадоа прекарот „Азискиот Герет Бејл".

Волеј на денот

Уругваецот Хуан Мануел Оливеира од бразилскиот клуб Наутико го заслужи признанието за „без да тапне“ гол на денот.

Руско голчиште во стилот на Роналдињо

Белорусинот Антон Путило од екипата на Волга ја изработи цела одбрана на Терек во стилот на Роналдињо и го постигна најубавиот гол во руското првенство овој викенд.

Бразилско голчиште на денот

Крузеиро го совлада Фламенго со 2:1 на натпревар од бразилскиот куп, а стрелец на вториот погодок за домаќините беше брилијантно дело на Евертон Рибеиро кој си поигра со противничкиот дефанзивец и си ја намести топката на волеј. Брзината на неговиот удар била 94,2 километри на час.

Ножичките на Гризман

Реал Сосиедад оствари голема предност со победата од 0:2 на гостувањето кај Лион во рамките на плеј-оф рундата од Лигата на шампиони, а првиот погодок беше ремек-дело на Антуан Гризман.

Мексиканска лудорија

Ваков луд гол до сега не сте виделе! Тој е дело на 13-годишниот Себастијан Кастро од младинскиот тим на Гвадалахара.

Аргентински волеј

Дефанзивецот на Бока Јуниорс, Даниел Диаз ја закова топката во мрежата на Њуелс Олд Бојс со овој прекрасен волеј, но неговиот тим на крајот сепак загуби со 2:3.

Дански „ножички“ на сезоната

Мортен Нордстранд од данската екипа Нордсјиланд на гостувањето кај Копенхаген постигна погодок за израмнување кој уште од сега ќе се вброи помеѓу кандидатите за најдобри ножички во претстојната сезона.

Руско голчиште на денот

Сезоните во Топ 5 лигите сè уште не се започнати, но тоа не значи дека немаме шанса да видиме убави голови постигнати во веќе аткивните лиги. Најдобриот гол овој викенд го постигина Ерменецот Јура Мовсисјан кој со овој проектил му донесе бод на Спартак на гостувањето кај Кубан.

Кандидат за гол на годината

Сезоната се уште не е започната, а се изнагледавме убави голови. Клемен Грание од екипата на Лион на пријателскиот натпревар против Реал Мадрид кој заврши со резултатот 2:2, постигна прекрасен погодок без воопшто и да гледа кон голот.

Голчиштето на Меирелеш

Раул Меирелеш постигна прекрасен погодок со вистински проектил во финишот од натпреварот против азербејџанскиот клуб Хазар Ланкаран чиј тренер е нашиот поранешен селектор Џон Тошак, а таму настапува и Никола Глигоров.

Лоб од 70 метри

Мартин Хинтерегер успеа да го лобува голманот Тимо Хилдебранд од 70 метри при победата на Салцбург на пријателскиот натпревар против Шалке со 3:1.