Слободните удари во ракометот обично важат за проформа обиди кои преретко завршуваат во гол. Едноставно нема каде да ја протнеш топката, а ако се прашува хрватскиот репрезентативец Шиме Ивиќ, тогаш имаш. На 24:24 од 12 метри над шест блока, за голема победа на Лајпциг над фаворитот Флензбург.