Таг: дриблинг

Хатем Бен Арфа, дами и господа

Рен одигра 3-3 на гости кај Анжер, а Бен Арфа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите техничари во последните 100 години. Даде два гола, од кои едниот беше после лионелмесиевска акција.

10 години од голот кој го посрамоти цел Минхен

Се сеќавате ли на Единалдо Батиста познат скратено како Графит? Ќе ви текне кој е кога ќе видите што и направи на одбраната на Баерн Минхен пред една декада. Волфсбург тогаш беше првак на Германија, а Бразилецот играч на годината и стрелец број 1 со 28 гола. 5:1 ги попарија Баварците предводени од Клинсман.

Друг пат и голот издриблај го, што го вртиш

Дриблерот на денот ни доаѓа од Обединети Арапски Емирати. Ја прими на средина и после како да ви кажеме, соло акција која мислиш ќе продолжи до паркинг. Тоа со голманот е нешто невидено. Греота е овој што не игра во некој силен европски клуб.

Што дриблинг е сега па ова?

Кој би рекол дека во Јужна Африка ќе видиме ваков чудесен и до сега невиден потег еден на еден. Не само што успеа вака мангупски да му ја протне низ нозе, туку кутриов на крај ја проба и тревата. И после како да не се смејат коментаторите.

Колено му исчаши

Фабињо тргна да му ја земе на Ренато Санчез, ама така добро се заеба, коленото му знае најдобро. Со кошаркарски ролинг го остави на средина игралиште трева да пасе.

Го прати во другото село

Нема стадион, нема трибини, нема трева, туку чкарт дресови, пуста желба за фудбал и вонсериски потег со кој му го направи дриблингот над дриблинзите. Му го испи мозокот на човекот.

Ти на мене ќе ми глумиш Нејмар

Деветкава зема да дрибла карпа човек. Иако има конституција како за кошаркар или ракометар, внимавајте добро како ќе му врати. Колку ќе беше штета ако не го уснимеа.

За 15 годишник ова е преимпресионирачки дриблинг

Иако има 15 години Рајан Черки е дел од тимот на Лион У-19. Не знаеме дали идол му е Нејмар, ама од него појако го прави овој потег, својствен повеќе за тоа нинџите од сала како Фалкао и Рикардињо.

Мора да објасниш како ти се лепи вака

И на Зинедин Зидан му се лепеше топката на нога, ама не во буквална смисла на зборот.

Како да ја крстиме оваа чудесија од потег?

Роналдињо, Нејмар...Уствари не, шампионе за футсал Фалкао кажувај што е ова, како може вака и кој е ликов? Да не му ставиле нешто во пијачката?

Како ли да го крстиме овој дриблинг?

Какви нинџи излегуваат од ова саливе да се чуди човек. Голманов после ова побарал да не го ставаат повеќе на гол.

Генијалниот дриблинг на Меси во забавена снимка

За чудесијата на Лионел Меси во дуелот со Фелипе Луис уште се зборува. Се појави ново видео снимено од поблиску на кое уште подобро се доловува како царот го уништува дефанзивецот на Атлетико. Каков е само тој прием со глава, па градење, па магичен потег кроз нозе по што навлече тројца играчи и пак најде решение.

Тоа е тој дриблинг на Меси против Фелипе Луис

Ако начинот на кој се загради и ја прими е мајсторски, тогаш што останува за тоа другото. Потег кој не сте го виделе до сега од Лионел Меси. Потег со кој го уништи стоперот на Атлетико Мадрид.

Пола Ријека ја издрибла, а коментаторот збори за нешто трето

Дани Олмо е член на Шпанија У-21 и дете на Барселона кое седум години се калеше во Ла Масија. Динамо Загреб не е свесен каков бисер има во екипа, а коментаторот уште помалку. Само македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го потапша за веројатно еден од најјаките дриблинзи во историјата на хрватскиот фудбал.

Еден гол, три фрактури

Прво: Тоа се најбавните дефанзивци во светот на фудбалот. Второ: Сега ќе бидат уште побавни бидејќи дечково ги осакати и трето: Можеби е подобро да се пробаат во друг спорт.

Потег што најмалку го очекуваше голманот

Се вика Нино Коутер, игра за словенечкиот тим Мура и излезе толку голем мангуп пред гол, кој не само голманот, туку никој не би очекувал ваква завршница во ситуација еден на еден. Покрај инстинкт, тука треба да имаш и голема храброст да не се сплеткаш па да те ремети кој стигне.

Ова мора да е бразилска сорта на куче

Запознајте го Дриблињо, кучето кое извади од колосек не едно, туку две деца. Дрибла подобро од Нејмар на Светското. Ама сериозно.

Викнете брза помош, го искрши човекот со дриблинг

Сте виделе ли вие како се игра пајдушко со топка, а истовремено во орото да има и жртва? Па овој после ова никогаш повеќе нема да помисли да му припари, а ништо чудно во голмани да отиде.

10-те најдобри дриблинзи на Роналдињо во кариерата

Бразилецот им правеше толку неудобност на бековите што едвај чекаа да пројде мечот против него и да бидат раат.

Во меѓувреме да ја видиме Џесика

Додека Рим сè уште е во транс од сензацијата која ја приреди Рома, цурава од Португалија ја подзачуди јавноста во својата земја покажувајќи дека таму не постои само Кристијано Роналдо. Женски дриблинг кој го гледате сега, па кој знае кога.

Дриблингот за кој зборува цела Англија

Рајан Хајнес од Ковентри изведе потег сезонава невиден ниту во Премиер лигата и тоа во дуел еден на два. Ти ги мислиш во англиската четврта лига дунстери за фудбал, а тие вадат страшни финти. Двајцава од Лутон не знаеа кај се наоѓаат. На крај и падна и гол.

Дриблингот на сезоната во Лига на шампиони

Ако синоќа не ја гледавте Рома - Шахтјор, тогаш бидете сигурни дека сте го испуштиле мадафака потегот на сезоната во елитното натпреварување. Го направи Бразилецот Исмаили Дос Сантос, а еден навивач искоментира под видеото: Мене ме боли колено кога го гледам ова.

10 секунди дриблање од кои се добива вртоглавица

Има дриблери и дриблери. Овој спаѓа во овие вториве бидејќи им го испи мозокот на сите, а некои ги дриблаше и по два пати. И од публика да му се симнеа пет души, ќе ги поминеше и нив.

Што им направи бе дете?

Во Доха се игра Интерконтинентален Куп за играчи до 17 години, а меѓу екипите кои учествуваат се Милан, ПСЖ, Тотенхем и Фенербахче. Внимавајте што дриблер извади Бенфика. Се вика Хуго Нунес, роден 2001-ва. Малиот до толку ја сотре одбраната, што му дојде наплив на емоции кои го соборија да легне на земја.