Таг: дриблинг

Со два потези го прати дома на спиење

Ешли Јанг уште не може да сфати што му случи на овој дуел со Вилфред Заха и ја прегледува забавената снимка едно 100 пати. Со тоа вториот потег го понижи како мало дете.

Снимката што НБА ѕвезда сака да се тргне од интернет

Откако дојде во Индијана Пејсерс, Виктор Оладипо има во просек по 24,9 поени, 3,9 асистенции и 5,5 скока. Со негов кош во последна секунда Индијана го победи Сан Антонио а Оладипо игра неверојатно. Ама едно дете му покажа дека треба цврсто да стои на земја.

Мајмунот останува мајмун колку и да го дриблаш

Во фудбалското првенство на Мексико екипата на Леон го победи Тигрес со 1:0, а пред крајот на мечот домашниот играч Андрес Андраде за неколку секунди два пати го понижи гостинскиот бек Хорхе Торес кој немаше што друго па удри.

Колку души може да издрибла Меси за 4 секунди?

Гледајте и броите. Прво му се пушти еден зад грб кој немаше шанси, па се протна меѓу двајца, па помина уште еден. Ако го поминеше и петтиот тоа ќе беше пола тим и чиста ситуација пред гол. Слалом на ситно против Хетафе.

Двајца фудбалери кои вредат по 222 милиони евра

Ако мислите дека Нејмар е човекот за кој Катарците кои спијат на пари требаше да платат лудачки висока клаузула од 222 милиони евра, се лажете. Он може ли вака?

Ти сакаш изгледа пешки да си одиш од гостување

Начека празен гол и сега ќе изиграва бесни глисти. Да ти се погоди некој намќор тренер кај кого за палење цигара се јаде прачка, а за пијанчење 10 чакмаци и суспензија, ќе ти кажеше убаво ако ти ја земеа.

Уште малце ќе почнеше од публика да ги дрибла

Има фудбалери и фудбалери. Оние со мозок, брзина и техника налик Меси, кога ќе тргнат како локомотива нема рампа што може да ги спречи.

Ова на ФИФА или на ПЕС го учеле?

Ако некој е цар за егзибиции во тие таканаречени езгибициски натпревари, тоа се Бразилците. Треба стварно да си одлично технички поткован за вака да ти тргне акцијата и на крај да ја завршиш фраерски. Океј, треба и противникот да олабави со чување, како што е тука.

Лудите дриблинзи на Бензема

Го оспоруваа, го омаловажуваа, те не бил за Реал, те не бил за први 11, Мората требало пред него. Карим вчера го зема фудбалот, направи дар-мар и после неговата асистенција падна голот на Иско вреден финале.

Да се одмориме малце од Роналдо и Меси

Океј, никој не ме гледа, коли нема, пушти музика да ви покаже батко ви како треба. Ако сум дебел не значи дека не знам како со топката.

Најштосната измама со голман еден на еден

Шваѓанецот Јеспер Блумквист кој пред да заигра за Милан, Парма и Манчестер Јунајтед во периодот од 1996-та до 2001-ва, како играч на Гетеборг на дуелот против Хелсинборг му ја направи најдобрата финта на голманот која се нема повторено и тешко дека ќе се повтори во фудбалот.

Му го испи мозокот со еден потег

Винсент Абубакар од Бешикташ демонстрираше дриблинг пред турската јавност, мислиш во Бразил е роден, а не во Камерун. Го измести противничкиот играч кој не знаеше што го снајде. Роналдињо мајсторе, што ќе кажеш?

Меси запознај си го наследникот

Барселона славеше 4:1 против Борусија Дортмунд во осминафиналето од младинската Лига на шампиони, а голот на сезоната го постигна 17 годишниот Жорди Мбоула кој им го помати умот на двајца гостински играчи.

Малиот кој гледа стари видеа од Зидан

На рулетите на Зи Зу уживавме додека играше во топ форма, а малиов кој допрва треба да напредува и во техника и во моторика, умее и да го повтори во една иста акција со која ги направи горди неговите родители.

Спиеш ли мирно младичу?

Играчи од типот на Меси и Роналдињо до толку се опасни во напад што мислите дека ќе ви ја сокријат топката. Разликата кај дечково е што он стварно ја сокри.

Ги издрибла како Меси, се радуваше како Роналдо

Момас Јапо за нас е тотален анонимус, ама после ова тој сигурно ќе биде најголема фаца островот Шри Ланка каде настапува за клубот по име Коломбо.

Кинески судија не можеше да го следи Оскар

Бразилецот кој неодамна од Челси замина во Шангај веќе на дебито покажа колку е добар. Даде гол, имаше асистенција, а линискиот судија ненавикнат на таква техника се сопна.

Ти го мислиш бек, а тој се однесува како Зидан

Денис Кемпе е дефанзивец на Карлсруе кој викендов го постигна можеби голот на сезоната во втората германска лига. Кај што ги направи мајмуни, го остави целосно збунет и голманот со лоб ударот.

Дриблинг на денот

Извесен Адан Браво од боливискиот клуб Универзитарио де Сукре, заслужува едно големо браво за начинот на кој успеа да го мине својот чувар. За да му се оствари ова на некој, потребно е склопување на коцките.

Да можеше и тренерот ќе им го издриблаше

Најголемиот дриблер меѓу аматерите се крие во Италија и кога ќе тргне во напад дрибла 1, 2, 3, 4, 5, 6-ца. Да, толку се.

Каде леташ младичу

Сте гледале ли фудбал со џуџиња? Ние не и затоа не ни знаевме дека и таму имало вакви понижувања.

Како некому со дриблинг да му завршиш кариера

Рикардо Орсолини има 18 години и е дете на италијанскиот Асколи. За него се интересираат сите великани од Серија А, а еве и зошто.