Таг: диктатура

Чија диктатура е подобра, вашата или нашата?

Нема демократија без демократски процедури, ама и тоа како има демократски процедури без демократија. Луѓето од Источна Европа на тоа се учат веќе четвртина век.

„Непријател" (2013)

Ти кажуваат дека филмот е за човек кој случајно сфаќа дека има двојник. Ментално го сместуваш во жанр трилери, и цел филм ги пропушташ сите можни хинтови кои упорно ти посочуваат на нешто друго. На последната сцена сфаќаш. Дека треба да го почнеш од почеток.

Зошто диктаторите не сакаат хумор

Во '97-ма српскиот Отпор, уште на своите почетоци, немајќи ни пари ни луѓе за посериозно да го нападне Милошевиќ, решава во центарот на Белград да стави буре за нафта со сликата на претседателот, а до него да остави бејзбол палка. За неколку минути Белграѓани застануваат и чекаат да им дојде ред и тие да го удрат Милошевиќ. Кога доаѓа полицијата, тие нема кого да уапсат па бурето го качуваат во марица.