Адам Даниел од сајтот „Конверзејшн“, во текот на пандемијата решил да направи експеримент: да го гледа „Денот на мрмотот“ секој ден, во тек на 365 дена. Таквото повторливо втопување во едно исто дело му отворило нови хоризонти.
Легендарен филм, навидум обична комедија, но со длабоки филозофски идеи, еден од нашите омилени. Сега некој се обидел да го раскаже од перспектива на споредниот лик, крајно симпатичната и (според ова толкување) наивна и неинформирана Рита.