Без право знаме, химна и грб, на Олимпијадата во Токио не е само Русија (поради суспензија од МОК), туку и олимписката селекција на бегалците. Во Рио 2016 беа 10 спортисти, а сега пораснале на 29 во дури 12 разни спортови.
Два од најголемите европски продавачи на конфекција признале дека во нивните фабрики во Турција работат и деца од Сирија. Некои од текстилните гиганти не се ни потрудиле да проверат.