Новиот тренер на Реал, Сантијаго Солари одлично ги познава децата од академијата на клубот затоа што неколку сезони ги водеше во Кастиља. За реваншот од Купот на Шпанија против анонимната Мелиља (6:1), Солари реши да одмори неколку првотимци и да им даде шанса на најмладите.