Централата на Даноне во Франција летово изненадно почнува да добива телефонски повици од своите вработени во Русија откако пред нивните канцеларии се појавува група Чеченци поврзани со Рамзан Кадиров. Во тоа време француската компанија ги привршува договорите да биде продадена, но не на Чеченците.
Доколку гледате домашна средба на Терек Грозни во руското првенство, веројатно ќе го намалите тонот на телевизорот затоа што претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров непрестано урла во микрофонот од ложата на стадионот.