Теле кое збунето зјае во полјаната прекриена со првиот снег, езеро кое неодлучно се подготвува да смрзне, мачки стуткани крај нечиј прозорец, ние дур гледаме во чадот кој се извива од оџакот на соседната куќа. Сите зиме стануваме филозофи, чувствувајќи болка за која не можеме да најдеме рана, туку која прави само подобро да погледнеме во себе.