Таг: бурма

Кога политичар ќе фати да рецитира погрешна песна на погрешно место

Во случајов тој е Британец и се вика Борис Џонсон, актуелен државен секретар за надворешни работи на оваа земја. При посета на Мијанмар тој реши наизуст да кажува песна од Киплинг. И не можеше да сфати зошто толку упорно го запираат во таа намера.

Балканскиот карактер на Мијанмар и Рохинџите

Занимливо е да се мозга како еден замислен просечен Македонец ќе ја прочита (доживее) приказната за Мијанмар и Рохинџите. Дали во Рохинџите ќе ги види македонските Албанци (заради нивниот муслиманскиот сепаратизам) или пак нивната ситуација повеќе ќе му асоцира на Македонците во Грција (заради обесправеноста и проблемот со името). Меѓу нас кажано, оваа енигма се потпира на една луда идеја: дека просечниот Македонец воопшто ќе прочита за што се работи.