Таг: бугарски фудбал

Нестварна сцена во бугарскиот фудбал, таксист кружеше зад гол

Пожарна мора да има, амбуланта исто, како и редарска служба и полиција. Ама што прави таксистов на сред прволигашки натпревар меѓу Септември Софија и Софија 1948? Да не го утнал патот? Или па можеби е на повик човекот на сред стадион? И во студио се чудат.

Бугарски фудбалер се надмина себе си во задржување време

Кога ќе го пуштите видеото, 100% ќе помислите дека смешката ќе биде во тоа што фудбалерот ќе им падне од носилки. Ама не, друг е штосот.

Ќе добиеш жолт картон само почекај да го земам од соблекувална

Брцни во заден џеб нема, во преден пак ништо. Еден памет, што да правам. Ај почекај ме тука. Мечот е Царско село Софија 2015 против ЦСКА Софија од првата бугарска лига.

Бугарско фудбалско насилие

Доживях и аз да снимам прекратен мач, напиша снимателот на ова видео, кое е доказ дека нема бегање од селската фудбалска традиција на Балканов позната како „Ќе јадеш ќотек ако свириш против домаќинот“. Ако ви значи нешто дуелот е ОФК Костинброд - Торнадо Безден.

Бугарско скандирање на денот

Го имаме видеото за кое да ви кажеме и од кај да почнеме. Еве од таму дека бугарскиот коментатор му дава дополнителен шмек што го коментира од почеток до крај. Ни дава сами да избереме дали е тоа крава или бик, па влетува стопанот, па кучето, а има и овцЕ. Абе драма.

Школската „маказа“ на Бербатов против Ливерпул

Бугарскиот центарфор играше толку префинет фудбал што беше право уживање да се гледа. По врвните настапи за Баер Леверкузен се изнадава голови во Тотенхем и круна на кариерата му беше Манчестер Јунајтед - 108 средби, 48 гола. Од нив и еден против омразениот ривал.

Колку јака завршница на бугарскиот Куп

Често нашата јавност е склона да се исмева со бугарскиот клупски фудбал, иако тој е милји пред нашиот. Стадионите им се пристојно исполнети, имаат редовни учесници во еврокупови, квалитетни странци, а завршницата на Купот секоја година им е многу интересна.

Најголемото промашување на 21 век се случи во Бугарија

Се вика Лукас Масуеро, доаѓа од Аргентина и оди во Бугарија во Локомотив Пловдив да го оцрни и онака не баш популарниот фудбал. Луѓе ова нема логика, пет пати го изгледавме.

Најголемата афера во бугарскиот фудбал во која беше измамен и македонски репрезентативец

За местенка, некои газди на клубови се спремни ако треба и да го ослабнат сопствениот клуб само да го шитнат мечот за тие пусти пари. Каква балканско - мафијашка лакрдија беше ова. Работава одете во Русија да видите дали сум таму.

Многу јак момент од бугарскиот фудбал

Шампионот на Бугарија Лудогорец одигра само 0-0 против Славија Софија во бугарското првенство. Во 79’ минута Бразилецот Вандерсон мислеше дека конечно го отворил резултатот и отиде да го прослави со жена му која ја бакна, без да примети дека колегите веќе се вратиле на свои места поради кренато офсајд знаменце.

Кога ќе ти падне да играш за Велигден

Вака сега Блгари, денеска е Велигден, најголемиот христијански празник, така што место да фрлам паричка ќе се кршите со јајца. Кој ќе победи ќе ја изведе топката од центар. Бугариве се З-А-К-О-Н. Па уште добија јајца во боите на дресовите.

Тренер во Бугарија дели шамарници

Тренерот на Кариана Едрен, клуб од втората бугарска лига, Атанас Џамбазки збесна на последниот меч на неговата екипа која изгуби 2-1 од Струмска Слава и му се пушти на судијата Ивајло Ненков кој не им досудил пенал. Притоа дебелиот крај го изеде и фудбалерот Ѓорѓи Великов кој проба да го одбрани судијата.

Бугарски евроавтогол на годината

Септември Софија против Ботев Враца. Минута петта: домашниот фудбалер Георги Стоичков ја закова во своја мрежа. На крајот 1:2 за гостите.

Хулигани на Левски фрлиле бомба врз полицајка

Во Бугарија по завршување на регуларниот дел од сезоната се игра плејоф па така на навивачите им се пружа прилика да гледаат неколку меѓусебни дуели на вечните ривали Левски и ЦСКА а на полицијата ѝ се отвора многу работа.

Почеток на подготовки со муфтија и поп

Кметот на градчето Крџали во Јужна Бугарија заедно со месниот свештеник Петар Гарена и поранешниот главен муфтија Фикри Сали го означиле стартот на првиот тренинг на третолигашот ФК Арда Крџали.

Бик прекина пријателски меч во Бугарија

На пријателската меѓу Ботев Пловдив и кипарскиот АЕЛ Лимасол, во 29’ минута на теренот влезе бик па средбата на кратко се прекина.

Њама вода, кво става бе?

Комична ситуација каква што може да донесе само нисколигашки фудбалски натпревар овојпат ни дојде од Бугарија, каде поплавено корнер знаменце беше место на расправија меѓу играчите.