Таг: борец

Одбојкари на Шкендија и навивачи се гаѓаа со столчиња и шишиња

Уште на одбојка немавме видено дивеење и ете ти. Сцените се од Велес од мечот Борец - Шкендија кој заврши 3:2. Во клинч се домашната публика против гостинските одбојкари. Се гаѓаат со што ќе стигнат. Луда работа.

А носилки немаме ли во прва лига?

Шкендија - Борец, македонска прва лига. Еден од играчите повреден лежи на терен. Нит се истрчаа да го земат со носилки, нит со оние количкине. На раце го изнесоа, како да е ова меч од 1952-ра година. Па уште и на Арена ја даваат, за да пукне регионална брука.

Ја спукаа во Кратово на пријателска

Требаше да биде пријателски натпревар меѓу Силекс и Борец, а поради остри стартови настана групна тепачка во која се втурнаа сите на куп. Мислиш за влез во Лига на шампиони се борат.

Сите голови на големиот борец Алем Тоскиќ

Безидејноста на Вардаровите играчи синоќа ги присилуваше кога е најтешко топката да му ја дадат на ветеранот Тоскиќ, кој буквално сам се бореше со цела противничка одбрана и во таква ситуација даде 8 голови. Србинот од следната сезона ќе настапува за словенечкиот тим Горење.

Од таму шутирај колку сакаш (велешка верзија)

Петар Виларов од Борец ја има тројката од 9 метри за која совршено се лепи неповторливиот коментар од ЕП 2009 помеѓу Македонија и Израел.