Таг: аутсорсинг

Како владите станаа бизниси

За да се избегне сеприсутниот впечаток за превработеност на администрацијата и прескапиот бавен и неефикасен државен апарат, државите решаваат многу свои функции да аутсорсираат и да ги дадат во раце на приватни под-изведувачи. Ем поефикасно, ем тие вработени не се бројат како некои кои „народот ги плаќа“. На тој начин, завршуваме со многу поголем апарат (кој народот го плаќа) од оној кој сме сакале да го избегнеме.

Македонско лон производство на холивудски ноти

Вредните македонски шивачки не се единствените кои работат за туѓи бели дворови (ако сте ја пропуштиле, читнете ја статијата "Македонската ленка шие за Швајцарци"). Од пред некое време ним им се придружија и македонски симфониски музичари кои од овде ефтино а квалитетно снимаат за Холивуд.