Летоска 450 писатели потпишаа петиција против кандидатурата на Трамп. Имаше и такви кои одбија да им се придружат, велејќи дека човекот барем до тој момент не направил ништо што е против принципите на демократијата. Меѓу нив беше и еден кој во меѓувреме се предомисли - реалноста знае преку ноќ да напукне, како евтин асфалт под сканија.