Горан Пандев беше поуспешен од Агим Ибраими во дуелот на македонските интернационалци во италијанската Серија А. Поранешниот капитен на македонската репрезентација беше стрелец и изнуди два пенали во победата од 3:0 над Каљари.
По деби голот против Удинезе, македонскиот репрезентативец Агим Ибраими го постигна и вториот гол во Серија А. Фудбалерите на Сасуоло имаа предност по првиот дел од 1:0, а на стартот од второто полувреме конечните 1:1 ги постави Ибраими со удар од белата точка.
Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими ја начна мрежата во елитното италијанско фудбалско првенство. Тимот на Каљари славеше со 3:0 против Удинезе, а нашиот интернационалец асистираше при вториот и одлично се снајде во контра нападот по кој го матираше противникот.поставувајќи го конечниот резултат.
По дебаклот со Србија и најлошиот пласман во историјата на фудбалската репрезентација, со свои реакции се јавија неколку фудбалери, а капитенот Горан Пандев дури најави и повлекување од националниот тим.
Во првото коло од Лига Европа настапија пет од осумте македонски претставници и сите забележаа солидни резултати, а најуспешен беше Агим Ибраими кој постигна гол против Панатинаикос.