[Работна]

Ерина влегла во Ролинг Стоун!

Е, па, многу сте јаки! Пред некое време си дадовме задача да и помогнеме на Ерина Бафтироска да победи на огласот за студенти на магазинот Rolling Stone. Mission complete! Со рекорден број гласови! Еве штo ни пишала Ерина:

Eli goes to London!

Елена Граматиковска свири клавир од 5 години. Израсната е во онаа зграда на нижо, средно музичко и Академија. Сега е професорка, но, не застанува тука. Откако ја слушнале, луѓето од Guildhall Academy of music and drama веднаш ја поканиле кај нив на студии. Guildhall е една од четирите највисоко рангирани музички Академии Во Британија. И тука наидува мал проблем. Лондон е скап, нашето Министерство дава стипендии за Универзитетите на Шангајската листа, но - немаат музички академии на листата!

Ќе помагаме?

Ни пишала Ерина Бафтироска, девојка од Македонија која студира во Обединетите Арапски Емирати. На праг е да оствари една своја супер желба, да види како е да се работи во угледниот магазин Rolling Stone. А ние можеме да помогнеме.

Hit The Jackpot 2

Напиши го името, избери Македонија и стрелај. Играта ги рангира најдобрите играчи + земјата со најмногу бодови. Се игра со маусот и треба да ја мрдаш црвената точка за да центрираш.

парК е насекаде

Центарот за креативно живеење парК се' уште нема свој објект, но додека не го оформи - парК е насекаде. На 21 април парК ќе биде во Кинотека на Македонија, во галеријата и задниот двор, од 10 до 20 часот.

Штиклите на Јана

Слободната територија Трендоленд од денеска е домаќин на едно ново парче читателски ќеиф. "Штикли на калдрма" се вика светот на една млада, паметна, врцкава и разиграна девoјка. Јана обожава штикли, го сака Скопје и планира да остане во него. Скопје е среќна коцка!

ФАКТИЧКИ ВИЦ НА ДЕНОТ

Која жена ќе добие најмногу цвеќе на 8-ми март?

Таа што ќе умре на 7-ми.

Добро ве најдовме

Драги пријатели и за клик подраги пријателки,
Ако можете да го читате ова, значи дека нè има на интернет!