Зезалици

Архетипски реакции

Неколку гиф реакции на секојдневни ситуации.

Свила

Колку порано го фатите ова, толку поголем дел од работниот ден ќе изгубите. Во основа имате 6 бои и три начини да ги искористите. Целото е толку добро направено и толку лесно, што после некое време ќе помислите дека стварно ве бива за овие работи.

Дитер Рамс: 10-те принципи на добриот дизајн

Дитер Рамс повеќе од 30 години е главниот дизајнер на Браун, одговорен за иконските производи кои излегоа од оваа компанија. Токму тој е човекот во кој се крстат сите дизајнери на Епл, а сите феноменално скроени производи што Епл ги вади во последните 10-на година се инспирирани токму од неговата работа. Според Рамс, единствено Епл ги следи неговите 10 принципи на добриот дизајн.

Филмови кои не мораа толку да траат

Тие што ги излгедале овие филмови, знаат дека во сите нив клучен беше само еден момент. Една поинаква одлука и се ќе се беше поинаку.

Родова рамноправност (обратна варијанта)

Целна група: жени
Јазик: чисто Струшки
Времетраење на проектот: 7 дена
Напомена: Проектот се учит теоретски, сама че се праксираш.

Како да бидете добри со нож

Анатомија на нож, поделба на кујнски ножеви, неколку финти за поефикасно користење и како да се разберете со луѓе на тема ножеви.

Комплименти за итни случаи

Во секое време кога ќе ви фали некој убав збор а немате некој во близина (или воопшто) да ви даде кураж, отворете го линков. Знае он што да каже.

Проект: Родова рамноправност

Целна група: мажи
1.1 Женети мажи
1.2 Мажи кои се спремаат за женење
Јазик на кој ќе се одвива обуката: Македонски, кумановски дијалект

Апел од редакцијата

Фала, фала, можете да престанете да ни го праќате Митар Мириќ во огромни количини! Збуделавме колку е добар! Се испостави дека албумот постои ама насловите на песните се производ на нечија дополнителна креативност. Невердлес, Митар си е Мириќ па сакаме да го споделиме и озглогласениот албум и нашиот најјак хит од него (песна која ако јси ја пуштите рано насабајле, денот може да ви тргне само во вистински правец, бидејќи веќе сте го допреле дното). И стварно фала за соработката, супер се овие "колаборации".

Животот во телешоп реклама

Во основа човековиот род не може да изгледа поглупо отколку на реклама за телешоп. Еден непрекинлив след на неспособност и немање координација на рацете и очите. Посебно проблематичен момент за човештвото - наливање (вода, кола, млеко). Еве како луѓето во телешоп индустријата го замислуваат вашиот просечен ден.

Ова не е фотографија

Диего Фазио е 22-годишен самоук уметник кој живее во Италија. Во цртањето влегува со правење тетоважи за подоцна да се префрли на фотореализам. И тоа го прави одлично.

Еден Софре, Софре... не е битно

Како што чешит битолчанец знае да ти пренесе атмосфера на фудбалски наптпревар - никој! Драгоцен извештај на Чкембар од UK за дуелот Шкотска - Македонија.

Самрак на Боговите

АМОР СРА? – Охридска божица на вистината.
ТАШ МАРУН и ШТА – Охридски божества на провинцијата.
СЕЈСИМАД РО – Богот на Разумниот Компромис
МУМРЕ – Охридски бог на смеењето.

Апел до читателите

Прашувајте по пријатели, досаѓајте им на роднини, копајте по подруми, одете кај гатачки.... Како знаете и умеете, да ни ги најдете овие "11 величенствени" песни и да ги доставите до нашата редакција. За возврат, нудиме нивно преслушување во весела и пријатна атмосфера (превод: пијачка и мезе) во наш аранжман. Погледнете добро и нека овој омот и секоја песна одделно засекогаш се врежат во вашето истражувачко битие.

Среќата е мерлива категорија

Некои луѓе среќата ја бараат во љубовта, други во парите. Имаме фото галерија од луѓе кои имаат полно право да ве убедуваат дека за среќа некогаш се доволни само неколку сантиметри. Не, не е порно.

Финти за низ живот 2

Може нема да ви требаат сите, ама тие што ќе ги одберете навистина ќе ви се најдат. Тоа со каблите во кутија и додатокот за правосмукалка за чистење тастатура, чиста брилијантност.

Чисто информативно

Шест најчести техники и пози за фотографирање цицки доколку поради којзнае која (неоправдана) причина тие не треба да се видат цели.

Кујнски приказни од Балканот

Кујната е душата на секој балкански дом. Место каде што минуваат судбините ама не и времето.

Збогум Емануела, љубов моја

Ако имаме почит кон женската убавина и откривањето на она што се вика водење љубов, „Скопје 2014-та" мора да добие уште еден споменик, Силвија Кристл наречена Емануела, мора да седне во паркот. Јас го знам и местото.

Ќефот на стареењето

"Животот е курва, затоа се броени саатите" - вака би можел да гласи зен заклучокот на луѓето кои минуваат низ кризата на средните години. Треба да се старее споро, вели Милош Васиќ, сè додека не треснеме затоа што падобранот не се отворил. А зошто не се отворил? Затоа што го нема.

Четири школи на користење тастатура

Вашата навика за користење на тастатурата се менува во зависност од тоа во кој стадиум од животот сте и што во моментот преовладува во вашиот дневен распоред.