Зезалици

Кој е твојот потег?

Некогаш е доволно во ракав да имаш само еден адут за да се чувствуваш како шеф, бог и батина. Дали вреди да го вежбаш, не сме сигурни, ама да го имаш е добро.

Графити од античкиот Рим

Кога Везув наеднаш ги поклопува градовите Помпеја и Херкуланеум во 79-тата година од нашата ера, некои објекти остануваат така конзервирани што денешните археолози можат да ги прочитаат дури и графитите по ѕидовите. Најинтересно е што добар дел од нив се исти ко оние од денешен кафиќ.

Мали италијански паланки

Додека да ѝ текне на наша Емили да напише по една репортажа од секое од овие места (и да донесе храна и вино за тестирање), барем да им е изнагледаме.

Можеше да ја открие Америка...

...да не му беше поважно да си ги види родителите.

Сè е до аголот

Куќа огласена за продажба. Со огромен базен пред неа. Ако ја купите, се бањате во помал. Имајте го ова на ум кога гледате/читате вести.

Кој тоа таму носи закони?

Не дека ние немаме вонсериски цепаници од законодавци, ама, ќе си рече човек, американски сенатор мора да е од друг калибар. Е па, не правете си Бајрам со умот.

- Земја, како е? - Еве, се загревам.

Добра вест е што 2012-та не беше најтоплата досега (испадна деветта), но правецот во кој оди планетата е сосема јасен. Да си пуштиме видео од една минута?

Потрошувачки импулси

Една од корисните нуспојави на фактот дека PayPal никако да дојде во Македонија е што интернетот врие од супер згодни и супер непотребни измислици и производи кои се така фино смислени што некогаш не можете да им одолеете.

Графички ужасни клиенти

Разликата меѓу графичките дизајнери и останатите професии, е што ако им се падне глуп клиент тие секогаш знаат како визуелно да му доловат колку е глуп. Еве колекција на трудови на оваа тема, од група напнати дизајнери.

Ова не е Блејд Ранер

Неколку пати имаме споменато за смогот и Пекинг. Пред една недела градските власти објавија дека нивото на загадување со смог во градот за прв пат во историјата го достигнало "портокаловото" ниво. Пред некој ден се појави оваа фотографија од смогот во градот. Како копија од Блејд Ранер.

Зборувај ни за нас, плава Циганко

Иако дел од запамтеното нам може да ни изгледа банално, а дел прилично чудно (секаде се пуши?), супер е да се читне како изгледаме некому кој не е оптоварен со милион детали кои ние си ги знаеме за нас. Една блогерка, после шпартањето низ Македонија, одвоила 15 работи кои странец треба да ги знае за оваа земја, природа, луѓе и останато.

Вештина на добивање ретвит

Најважно, твитајте од 12 до 14 часот. Тогаш е гужвата.

Сакаме попис. Точка.

Бидејќи ние од рамковни причини се плашиме да се попишеме, можеме само да замислуваме како би изгледала една ваква пописна мапа на Македонија.

Историја на исповеди кај Опра

Пред да се отвори Ленс Армстронг кај Опра и да го признае целиот криминал што го направил, американската водителка "во скут" има седнато цела серија на славни личности од кои ги има извадено нивните животни исповеди.

Google Earth, 1907

Ќе видите неколку воздушни панорамски фотографии снимени во 1907-ма година. Каква технологија била користена за се добијат?

 

Однесувања кои нервираат на концерт

Rolling Stone состави листа од начини на однесување на концерт кои се глупи, непотребни или ги иритираат останатите. Американците не би разбрале кога на нивната листа би го додале нашиот предлог: да не се паѓа во колективен оргазам кога некој металец од пичке си материне ќе не ослoви сo нашето уставно име.

Деловно најискрен твит на денот

Сара Џеј е една ултра цицлеста бештија која се занимава со порно. И патем твита. И е боговски искрена! После ова, ниеден македонски твитерџија не би смеел да се пожали дека има некаков проблем.

Scaramouche, Scaramouche, will you do the fandango?

Постојат песни кои илјада пати сме ги слушнале и ги знаеме на памет. А имаат некое делче кое го пееме со остатокот од песната, како да разбираме што значи.

Да се разбереме пред снегот

Пред кај нас годинава да падне каков било сериозен снег, едно писмо на Хрват (не до нас) инспириран од тамошното натрупување со снег што им се случува деновиве, на тема возачи и возење на снег. Сè може и тука да се искористи.

Колку години има типов?

Има сигурно повеќе отколку што ќе помислите. Главна причина е што има 21 година помлада жена.