Зезалици

20-ти vs. 30-ти

Како изгледа животот кога си на почеток на 20-ти и на почеток на 30-ти години.

Фала Обединети

Вака - така, навршија 20 години од нашиот прием во Обединетите Нации. По повод упорноста на нашата желба да го издржиме привремениот статус кој требаше да трае два месеца и да се најдеме таму под нашето вистинско, имаме плакат од еден наш познат соработник.

Луи Ц.К.

"Не мора да значи дека се согласувам со вас, ама сериозно го почитувам," одговори Луи Ц.К. на аплаудирањето на публиката на почетокот на неговиот нов стенд-ап "Oh My God." Ова е типично негово однесување за понижување на самиот себе - одбивање да верува дека ја заслужува благодарноста на стотиците фанови кои го опкружуваат во театарот Селебрити во Феникс и илјадниците кои следната сабота ќе ја гледаат премиерата на неговиот стенд-ап на ХБО.

Проклета је Бразилија

Бразилската сиромаштија и златната грозница по подобар живот дополнително ги упропастуваат битните убавини на оваа земја. Илјадници нив секојдневно аргатуваат со кал на телото и злато во очите.... Фото извештај од рудникот Сера Палада. 

10 филмови што Роџер Еберт стварно ги мразеше

Не е работата во тоа само дека Еберт целиот живот го живееше со филмови, или само дека се разбираше во филмови, туку главниот шмек го даваше начинот на изразување што тој го имаше. Ова посебно беше воочливо кога некој филм немаше да му се допадне.

Филмска магија

Затоа што компјутерите (сега за сега) не можат да направат нешто од ништо, а тоа да изгледа барем приближно уверливо, се уште се потребни луѓе кои ќе ја смислат целата измама. Како изгледаа некои од најпознатите филмови додека се крчкаа.

Што прави човек за цигара

Соочени со следниве фото докази, мора да признаеме дека пушењето навистина може да биде штетно по здравјето. Цигарите најсмртоносни знаат да бидат кон глупи луѓе.

 

Исчашени филмови

Познати филмови, извадени од својот временско - просторен контекст и замислени во друго време и со други луѓе. Би ги гледале сите, особено Биг Лебовски.

Анатомија на Клеш

Две транжирани химни од легендардните панкери, соголени на своите составни делови. Мераци!

Машки муабети

Оди по жени за кои мислиш дека се над твојата класа, можеш пријатно да се изненадиш. Секогаш допивај си го пивото. Ако си најпаметен во собата, тогаш си во погрешна соба.

Човечиња

Всушност не се луѓе, туку животинчиња стокмени како луѓе. Во сако, фрак, кошула, елек, кожна винтијага, џемпер, на кој што му стои. Фотосесијата се вика Zoo Portraits и е дело на Шпанецот Јаго Партал.

Глумици без заби

Греота е кога на толку изборни плакати нема да ти текне вакво нешто. Ќе се чуваме за некоја година.

Со нафта и баба ми може

Кога имаш пипер - патлиџан, можеш да решиш да го смениш личниот опис на центарот на главниот град (на подобро или полошо, слободно колете се на темата). Кога имаш нафта и руда, можеш да си го дозволиш ова.

Кога Хичкок е психо

Алфред Хичкок го пушта својот филм Прозорец кон двориштето (Rear Window). Некои кино сали го земаат филмот, некои не. Хичкок си купува рекламен простор за да ги поздрави менаџерите на овие вториве. Да ги поздрави со едно упатство.

Спиј ако можеш

Основна карактеристика на добар аларм е да го мразите, бидејќи само така знаете дека ви врши работа. Овој ќе го мразите 100.

Опуштање на насловните

Пуританците нема да бидат задоволни. Ние нормалните ќе крикнеме: Фала му на бога! Да прошетаме низ насловните женски на магазинот Есквајер од 1936-та до денес. И она што копка: како ли ќе изгледа ова 80 години од денес?