Оние што носат сакоа со три копчиња (би требало да) ги знаат трите збора од основното правило за закопчување: некогаш (горното копче), секогаш (средното) и никогаш (долното копче). Од каде тоа правило?
1199 Panigale е еден од моторите на Дукати и како што личи за голем бренд тие направија фотосесија со десктоп позадини за моторот. Она што ние ќе ви го покажеме е MANigale. Брзо ќе ви стане јасно името.
Или нај нееротскиот прирачник за секс. Во него се опишани серија пози кои ги практикуваат брачните парови. Како на пример: Кога мажот ја полни машината за садови и жената мора да дојде, затоа што тој погрешно ја полни, тоа се вика "поза машина за садови."
Томас Алва Едисон имал енциклопедиско знаење и со текот на времето сè повеќе се фрустрирал од фактот дека за работа му се пријавуваат трупови со факултетски дипломи. За да го измери знаењето на кандидатите за работно место во неговата компанија, составил листа од 150 прашања.
Решение за горечкиот проблем на објективно немање простор за нови споменици доаѓа од еден британски скулптор. Се разбира, предлогот треба да се приспособи на нашите услови пошто ако ставиме уште еден Чакаларов во Дојранско, само тоа газот на коњот ќе вири надвор.
Слушатели на едно австралиско радио, го фаќаат во машина водителот и неверојатно организирано и упорно го реметат со еден единствен одговор на сите негови прашања. Секоја вечер! Не мора да се слуша до крај пошто е досадно, ама концептот држи.
Граница не секогаш мора да биде нерешено прашање или прашање на гужва или прашање на чекање. Некои ова го имаат решено сосема романтично. Некои уште се на готвс.
Во 1989-та Скот Адамс го објавува привот стрип за Дилберт, кој истовремено е и првиот стрип на кој главниот фокус му е што се случува на работа и во канцеларија. Ова се десетте омилени Дилберт стрипови на Адамс.
Во предвид се влезени сите можни форми на возила, од автомобили до носачи на авиони и ракети. Рангирањето е направено според тоа колку пари чини да се мине една милја со нив.
Не се работи за тоа кој е подобар, туку кои се разликите. Девојката што го прави ова (Лиу Јанг) родена е во Кина, а од 14 години живее во Германија. Сината боја е Германија, црвената е Кина.