Во 2009-та Али Нунери се мажи за Бен. За свадбата прават фото-сесија во празна куќа во Синсинати. Во 2011-та, Али починува од рак на бели дробови и зад себе го остава Бен и 1-годишната ќерка Оливија. Со наполнети 3 години, Бен ја враќа Оливија во куќата каде што правеше фото-сесија со Али. Ги прават (речиси) истите фотографии.
Не сме светски ама да кажеме за нас - Офф.нет веројатно ќе има 3 рецепти за најбрзи сендвичи, песна од Џони Кеш во која на него му е потешко од сите што ја гледаат апокалипсата, и компилација од снимки од сите места каде што удрил метеор (ако по таа основа исчезнуваме). Еве како ќе изгледа тоа во светот:
Од ФудБист одат на средба на хард-кор фанови на Игра на троновите во северен Холивуд. Средбата ја спонзорираат тамошен ресторан (Bow and Truss) и пивара од Њујорк (Ommegang). Целта е промоција на пивото Black Stout, а главна тема на промоцијата е вечера направена по мерки од гозбите од серијата. Еве што се јадеше.
Краток вовед, Бијонсе деновиве објавува албум од ведро небо (без никаква најава, публицитет, што и да е, става 17 песни и видеа на Ајтјунс). Еден час по објавата, на Инстаграм става слика од капкејкс. Од никаде доаѓа следниот коментар:
Авторот се вика Скот Самит, има приватна компанија за дизајн (од машини до ентериери) и решава да направи една серија протези за луѓе со ампутирани екстремитети.
Сликата е направена со комбинирање на 126 фотографии, а на неа е 3.200 години стара секвоја. За перспектива кога Александар Македонски во 323-та година п.н.е. починал во Вавилон, дрвово веќе било старо 864 години.
Како општествено корисен и домаќински сајт сакаме да ви предложиме идеја како оваа новогодишна елка да ви биде актуелна и да личи баш на годината која заминува. Ножици во рака, одиме.
15 долари, одат хуманитарно, за мигранти со мали примања. Фамозните њујоршки таксисти, барем оние кои успеале да задржат доза хумор кон себе и својот имиџ. Одлични фаци.
На следниве слики треба да го забележите стратешкото прераспределување на Мишел, и последователната капитулација на Барак. На сите ни е јасно дека вечерва некој ќе треба да се објаснува. П.С. Блондинката е премиерката на Данска.
Не е тоа што мора да вршат нужда додека ги гледа народ, не е тоа што сите ги знаат дека имаат мерак на душкање газови, до бањањето е, и на што личат после тоа.
Кој повеќе, кој помалку, ама фино остареле некогашните првоборци на новиот романтизам, њу вејвот и другите жанрови од 80-тите. Добро, Devo факат изгледаат гротескно ама па, ги сакаме. Бонус задача: Најдете го Бој Џорџ.
Елкички, снегулки, санки и други тракатанки.... Мислевме дека класичните американски џемперчиња кои се носат околу Божиќ не можат да бидат по кич. Може, може. Сето тоа, плус да трепка.
Да беа овие изјави од денешно време, ќе беа трајно впечени во колективното сеќавање. Прво ќе се појавеа на Твитер, па од таму ќе отидоа на Фејсбук, па од таму на сите можни портали, за на крај фотките да завршат на Инстаграм или како гиф на Тамблр.
Таткото на гонзо новинарството чиј пичвајз од живот е овековечен во филмот Fear and Loathing in Las Vegas поживеа 67 години. На крај изгледа морал да се самоубие бидејќи судејќи по неговата дневна рутина, природно бил неуништив.
Насловот на книгата е Каде спијат децата, и дело е на Џејмс Молисон кој патува околу светот фотографирајќи ги креветите / спалните соби на децата (кога имаат спална).