Не е она класичното жалење, поплаки, грабеж, пцуење велосипедисти, па пцуење автобуси, па пцуење пешаци, туку дневната рута на таксистот. Од каде до каде вози, колку патници пренесува, колку добил бакшиш, колку вкупно заработил.
Компилацијата е од најинтимното место во твојот живот, каде си оставен на само со своите мисли (и ако има Господ) и доволно вода. Нема автор, туку на кој како му дојде.
Не плаши се да им кажеш на луѓето да "одебат" кога го заслужиле тоа. Тоа е многу важна вештина која треба да се стекне. Кажи си го своето, дури и кога гласот ти трепери.
Ресторан во Њујорк почнал сè почесто да добива поплаки за услугата и брзината со која се носи храната. Решиле да стават видео камери и да ја снимат ситуацијата. За среќа, видео снимки имале и од пред 10 години па можеле да споредат.
Компанијата Уралвагонзавод, во Екатеринбург го промовираше прототипот на новиот модел на трамваи, комплетно дизајнирани, изработени и произведени во Русија - RUSSIA ONE. Првите примероци ќе бидат произведени есенва, а тестирањето ќе биде во текот на 2015-та. Од прототипот до конечниот производ разликата во дизајн се очекува да биде максимум 10%. Најголемиот дел од надворешноста ќе биде направена од стаклени панели.
По многу што, Павле Вујисиќ беше Марлон Брандо на екс југословенското глумиште. Никогаш не беше фатален како овој во Трамвајот наречен желба, ама имаше некоку незаборавни гадфадерски улоги а и последните години ги помина како него, аристократки накурчен, изолиран и поголем од светот, на сплав на Дунав. Во тие, моменти со шприцер на маса, веројатно го има напишано и својот тестамент:
За разлика од бугарската режисерка која низ цел Балкан го бараш потеклото на една песна (кај нас Ој девојче, девојче), сајтов ги собира сите реклами (барем колку може) и ви кажува која е песната во рекламата.
Ѝ доаѓа швaлерот дома додека маж ѝ бил на работа. Нејзиниот 9 годишен син упаѓа дома ненадејно, ги здогледува и се сокрива во ормар. Мажот исто така ненадејно се појавува а жената го става швалерот во ормарот, не знаејќи дека и синот е внатре.
Пред 4 години, фотографот Антоан Бри почнува да се пентари по европски планини. И таму, во зафрлени делови на европската цивилизација почнува да наидува на луѓе кои се откажале од нејзиниот комфор заради личниот мир мир и слобода. Серија фотографии од некогашни професори, инижинери, студенти и нивните сегашни домови.
Што и фали на графиката на ТВ преносите од Светско? Генерално ништо, ама само затоа што никогаш не сме ни помислиле дека целата работа може да биде каде каде подобра. Забелешката не е само за Мундијал, туку за сите ТВ преноси од фудбал. Решението е на двајца британски дизајнери. (Забелешка: графиките што се појавуваат кај нас, се превземаат на светско ниво, не ги правиме ние).
Пред две години ќерката на Сорос и нејзиниот маж пробаа да ја продадат куќата ама цената изгледа била висока па ја повлекоа понудата. Денес куќата повторно е на оглас, со пониска цена. Можете да заштедите 5 милиона долари.
Добар, предобар. Посветен на фановите, љубезен кон општеството и природата, погоден за пријател, другар, комшија, идол и зет за ќерка.Тоа македонската интернет јавност интуитивно го препозна па на неговиот ангелски глас додава и белешки за неговата чак норисовски добра природа.