Кога е готово месото, упатсво за зачини, лесни рецепти за супа, конвертор за мерки, кога е готово јајцето, одржување на тавче, маринада, кромид, миксери, масло за јадење, кој нож за што е... Може не сега, ама ќе ви се најде.
Бидејќи со самото спомнување на зборот "вакцина" читателството веднаш се поларизира, сакаме да ви понудиме еден текст во кој не се спомнуваат никакви вакцини и во кој ниеднаш нема да го сретнете овој омразен збор. Се работи за кочници.
Идејата за Егејско море кај Гевгелија е комплетно остварлива ако морското ниво порасне за 125 метри. Проблемот е што моментално морското ниво расте за 3 милиметри годишно.
После некој период, копиљаците сфаќаат дека живеат во време кога е срамота воспитно да исплескаш сопствено дете. И ова некако го имаат протолкувано како сопствена бескрајна слободат да бидат бесни. Она што допрва треба да сфатат е дека ти си бескрајно помоќен од нив и на сите можни начини можеш да им го загорчиш животот.
Првото издание е на 9-ти ноември 1967-ма, и по формат е како весник. Името е трибјут на блуз песната Ролинг Стоун, бендот Ролинг Стоунс, и песната на Боб Дилан "Like a Rolling Stone." За да го издаде првиот број, сопственикот Џен Венер, од своите родители и сватовите (од идната жена, тогаш девојка) се позајмува 7.500. долари.
Или па од времето кога ние не бевме старки за да мрчиме околу тоа каков е цртанот. Сајтот е замислен баш како телевизија, цел ден вратат цртани, и имаш најава кои цртани следуваат. Плус е достапен на сервиси како ИксБМЦ, Гугл каст, Плекс и Року.
Фотограф и економист направиле ефектна визуелизација на прагот на сиромаштијата, покажувајќи што од локалната храна може да си дозволи еден сиромав човек со својот дневен буџет за исхрана. Македонија ја додадовме ние.
Кога вака ќе ги постават работите се она што ние сме направиле (ние = сите луѓе што до сега постоеле) изгледаат жално небитно, плус, многу безвредно кратко сме тука.
Рускиот психолог Анатол Рапорот пред неколку децении изработува листа на правила за расправање и дискусија. Американецот Даниел Денет во "Intuition Pumps and Other Tools for Thinking" ги сумира истите правила во четири точки.