Зезалици

Канцелариски фетиш

Ако планираш отворање нова канцеларија, реновирање на старата или едноставно сакаш да имаш за што да му кенкаш на шефот или кај човечки ресурси, тогаш имаме да ти понудиме бескрајно многу причини. Исто така, може вистински да ти падне мака кога ќе сфатиш каде работиш.

Како Америка ќе останеше "неоткриена"

Единствена причина зошто Кристофер Колумбо можел да ја открие Америка е дека... не бил женет. Да бил оженет, Колумбо ќе требало да се справи со нешто од следново:

38 прашања за пред брак

Не дека ве пишманиме, ама нема да шкоди да прашате. По пат размислете дали знае дека не јадете патиџан?

Суперхерои во фламански стил

Како ќе изгледаше Супермен да беше роден во 16-от век? Каков ќе беше Хулк ако беше надвојвода? Со таа идеја се занимава францускиот фотограф Саша Голдбергер понудувајќи серија портрети на познатите суперхерои кога би им позирале на старите фламански мајстори.

Кратко сиже на секоја турска сапуница

Во 312-та епизода Фериде дознава дека татко ѝ сам на себе си е близнак, а дека мајка и умрела веднаш штом се родила. Сите плачат.

Од мудрите

Ова да се запамти и за дома, и за на работа, и за во врска и за општо во живот.

Окупацијата е убава

Животот под окупација знае да биде убав и пожелен. Особено ако го гледате преку пропагандните фотографии на окупаторот. Слики од окупираниот Париз за време на Втората Светска Војна.

Американци, немате поим колку ви е добро со Обама

По завршување на неодамнешните општи избори во САД, еден Канаѓанец од Британска Колумбија му пишува писмо на уредникот на локалниот весник, во кое не му се верува дека Обама, односно демократите, воопшто може да ги изгубат изборите. Вика вака:

Многу статистики, за многу работи

Бурек сакаат жени, обично над 60 години, кои повеќе влечат кон левицата и работат во професии од граѓанско општество или во добротворни цели. Хоби и е готвење и најверојатно има мачка, вози Алфа Ромео, омилен филм и Фарго. YouGov компанијата за истражување на пазарот (во Британија), пушти во продукција алатката со која може да пребаруваш било кој бренд, тим, музичар или политичар и да го откиреш нивниот просечен муштерија или фан.

Сликата што ја баравме

Колкав јавен простор им е достапен на колите, или ако сакате - колку јавен простор им е недостапен на тие што не се во кола.

Што ќе снимаат Дизни и Ворнер во Македонија? (прв дел)

Благодарни што конечно ќе можат да работат кај нас, холивудските филмски гиганти Волт Дизни и Ворнер Брос планираат да ни се оддолжат со римејк  на некои нивни блокбастери, прилагодени на нашите прилики и публика. Ви откриваме дел од  идната филмска програма која досега се чуваше во најголема тајност. 

Перспектива на ѕидови

Берлинскиот ѕид наспроти ѕидот меѓу Израел и Палестина. Првиот, растурен пред 25 години, вториот изграден пред десетина година. Споредба во една слика.

Хороскоп за вас (нив), прекрасни луѓе

Ова е веројатно најзлобниот хороскоп што сте го прочитале. Кога ќе си читнете за својот знак па ќе помислите "ова нема врска", ви предлагаме да направите следново: прочитајте го описот за некоj ваш пријател / партнер / колега / душман, на кого му го знаете знакот. Гарантирано ќе тврдите: Нема ништо поточно од ова!

Сите претседатели личат исто

Естетиката на официјалните портрети на државниците не е случајна. Тоа го покажува еден аргентински фотограф во чија серија се губат поединечните лица и карактери а она што останува е токму она што нив и ги спојува - симболите на моќта.

На гара во Шведска

Тунелбана (службеното име на метрото во Стокхолм) ја има една од најуникатните архитектури и во основа изгледа како најдолгата уметничка галерија на светот. Системот има 100 станици од кои 47 се под земја. Александар Драгунов прави фото сесија во која собира 33 од 47-те подземни станици. Ова се некои од нив.

Зошто децата од 70-тите досега требаше да бидат мртви?

Начинот на кој тогаш растеа деца денес би можел да биде осуден за геноцидни намери од некој Педагошки трибунал во Хаг. Родителите и нивните деца ги прекршија сите можни канони за безбедност кои денеска ги знаеме благодарејќи на науката и кампањите на Владата, па сепак, некако преживеаја.

Карпош се спрема за Нова Година

Додека музичката и касетна комисија на општина Карпош грозничаво заседава околу финалната плеј листа за прославата на најлудата ноќ, комшии ни дојавуваат дека од нивните бараки трешти следнава 13-то минутна рапсодија:

Флипери во вашиот браусер

Маме32 е емулаторот кој со години дозволува на компјутер да симнувате и играте (речиси) која било игра од флипери. Сега Интернет архивата ги одбра најдборите игри од флипери што може да се играат на Маме32 и им направи посебна категорија во која засекогаш ќе бидат зачувани. Плус сите игри може да се играат во браусер.