Зезалици

Буквално уличен дизајн

Идејата е на берлинскиот уметнички колектив Raubdruckerin (пиратски печатач, отприлика) кои направија печатница од својот град. Земаат бланко маички, торби или што и да е, мастило и валјак, и бараат шахти и слични урбанистички елементи низ градот. После само мачкаш и притискаш. И така низ еден куп градови.

За кое изгубено време ќе се каете кога ќе остарите

Како прво, треба да знаете дека на смртна постела никој не се покајал: „Ах, што не поработев малку повеќе“. Ок, а сега да отвориме уште некоја чакра.

Неколку песни што погрешно ги имаш сфатено

Изборот е од Сиенен на поп-рок, па и не е така страшно што само чекаш да дојде рефренот за да го рокаш. Страшно е кога имаш свадба со Розо моја од Ибуш (Ние двајца многу можевме / А среќа немавме да се земеме), Туѓа си бескрајно на Ефто (Оној што силно љуби мора да губи /
Туѓа си бескрајно), Ерген одев од сите (Се оженив мајко, злото ме нападна).

Пред да бидат битни

Ако ја тргнеме на страна Кралицата Елизабета Втора никој од овие не се надевал дека еден ден ќе стане светски лидер. Освен веројатно Хилари, ама па за сега не излезе баш по нејзино.

Распнатиот човек и претходно имал проблеми со законот

Како денеска, со стандардниот новинарски речник, би се пренела веста која повеќе од две илјади години е глобален брејкинг њуз.

Цртај бе братучед, цртај

Не можеш ти да бидеш толку неспособен за цртање колку што Гугл може да те поправи. Сепак, како што се покажа во нашиот случај, можеш. Ама тоа не значи дека нема надеж за вас.

Визит карти на чикашките гангстери

Колекцијата потекнува од 70-тите и 80-тите години и претставува занимлив увид во оваа супкултура: симболи, прекари, територии, непријатели и слогани, ставени на визит карти за да се зацврсти единството на бандата, да се одврати конкуренцијата и да се регрутираат нови членови. На македонски, тоа би се рекло: заради бренд билдинг, лојалти програма, демиџ контрол и аквизиција.

Да не се поздравуваме

После долго боледување, последната желба на еден старец е цигара и чаша вино на кровот на болницата во која лежи. Вон сите протоколи болницата решава да му го овозможи ова. Случката е од Данска, и станува збор за универзитетската болница Архус.

Колку тежи вашата чаша?

Психолог држи работилница за менаџирање стрес. Во еден момент во рака крева чаша вода. Сите очекуваат дека ќе ги праша дали е полупразна или полуполна. Наместо тоа, таа вели: „Колку тежи чашава?“

Сите погрешни лекции од детството

Освен забранетото седење на студен бетон и бањање со вклучен бојлер, од мали сме дресирани панично да се пазиме од промаја, да не излегуваме надвор со мокра коса и да пазиме некој да не ни стави дрога во пијачката. Тоа беа главните насоки за децата родени кон крајот на 20-от век и на сите ни беа јасни како ден.

Лексикон на изрази

Брак: законско здружување на двајца луѓе за решавање на заедничките проблеми, кои инаку не би ги имале кога не би се здружиле.

Знаци дека сте пораснале

Растенијата во вашиот стан се живи, но ниту едно од нив не може да се пуши.

Тајната на успехот

Анализирани се три групи: богати, средна класа и сиромашни, и од што според нив е составен успехот. Едни гледаат работа, други гледаат среќа, трети грабеж. Зависи кој од каде гледа.

Девојки, ако читате по еден текст дневно, прочитајте го овој

Барак Обама и сопругата решаваат една вечер да излезат од Белата куќа, да прошетаат и да одат на вечера во некој локален ресторан. Без посебна помпа, нешто скромно, колку да се смени нешто.

Кралство давам за сè е во ред

Пијам кафе на балконот. Сонце. Раат. Утрото е такво да заслужува поетски осврт, заслужува нешто да се напише за него. А јас само гледам.

Скара, како машки звучи тоа

Скарата е единствената храна која некои мажи знаат да ја прават. А тоа отприлика изгледа вака:

Американци во редови за зејтин и шеќер

Луѓето од североисточните делови од САД беа предупредени дека ги очекува невреме. Погледнете како изгледаат редовите пред самопослуга.

Старецот и војната

70-годишниот Мохамед Мохадин Анис пуши луле и слуша музика во разрушената спална од својот дом во населбата Ал-Шар во Алепо.

Дали љубовта е слепа?

Типот се вика Алваро де Миранда Нето. Роден 1973 во Бразил. Познат е по тоа што обожава коњи и главно се занимава со нивно јавање на пречки. Алваро порано ја сакаше оваа жена: