Канта

Факт на денот

Знаете ли што e АКИНЕТОПСИЈА?

Сакаме факти?

Како марихуаната станала нелегална, кој треба да ја добие титулата на Ленс Армстронг од 2005-та, зошто не се препорачува читање на тетратката на Марија Кири... Да се чуди човек!

Паника од насловните

Последниот број на насловната на вториот по големина неделник во САД Newsweek одеше со најава за "муслиманскиот гнев" проследен со текст како Американците треба да бидат подготвени да го почувствуваат бесот на муслиманите кои и онака, нели,  се нон-стоп гневни на нешто. Доволно добар повод да се потсети на сите аларми кои овој неделник ги има вклучено на своите насловни. 

Секоја мечка за три дена

Само првиот ден мечката (која новинарите успешно ни ја доловија: "голема колку Фиќо") успеа да ги испоплаши жителите на битолското село Добрушево. Охрабрена од првиот впечаток што го остави, таа продолжила да се однесува дрско, ама, тоа веќе не и пали.

Најскапата течност на светот?

Цената на бојата за печатачи во споредба со цената на другите течности. Или, зошто е поефтино да купиш нов печатач отколку нов тонер.

Парадоксот: Куче

Попрецизно објаснување за куче нема во Британика. Секој што некогаш чувал пес, знае колку сето ова е точно, посебно делот околу тоа колку стварно  те сака.

Како да се збогуваш со колегите

Веројатно една од најголемите придобивки на мејлот е што можеш да им кажеш се на поранешните колеги (а и на кого било друг), без да треба да ги погледнеш во очи.

Вообичаеното на поинаков начин

Не мора секој пронајдок да биде корисен колку тркалото и генијален како далечинскиот управувач за телевизор. Секојдневието е полно со мали дупки на кои им требаат само мали досетки.

Потреба да се сподели тајна

Познато е дека "што се случило во Вегас останува во Вегас". Но, токму таму една галерија е претворена во интересен проект за анонимни исповеди. Влегуваш во кабина, пишуваш на парче картон што ти лежи на душа и тоа станува едно од илјадниците објавени исповеди во галеријата. Ние би можеле да помогнеме како публика. Да читаме туѓи признанија и да се згрозуваме од другите. А да, Фејсбук служеше за тоа.

Дуинг бизнис

Како е можно покрај сите праведно и неправедно пропаднати кафани што ги знаеме кај нас (а и оние што се тргнати на тој пат), ниеден, ама ниеден да не се сети... да пропадне на овој начин?

Автоматска заблуда

Телефонска поплака на тазе сопственик на БМВ со автоматски менувач. Кога става во "drive mode" (D) сè е во ред, освен што тој верува дека D e за дневно возење. А кога ќе падне ноќ, нормално му е да префрли во ноќно возење (N). Погодете за што му е рикверц "R".

Оглас

Продавам возило Субару, одлично очувано, металик сребрена боја, кожни седишта. На инсистирање на семејството, можно е истото да биде заменето и за лекции во Фотошоп.

Пијачите пеат

Конечно е откриена долго чуваната тајна зошто кај некои сосема нормални луѓе, по само неколку испиени чашки ракија, одеднаш се буди латентниот Сариевски и тие одеднаш добиваат неописива желба гласно да ви запеат стара галичка или слична песна.

Домаќине, шарени гости ти дојдоа

Скопје, 2013-та. Во работна и пријателска посета на Република Македонија пристигнува новиот чешки претседател. Ѓорѓе Иванов и гардата се подготвени да го пречекаат високиот гостин од странство. Авионот слетува, скалите се поставени и - еве го! - излегува господинот Владимир Франц.

Дијаграм за кафињата

Што има во капучино, што во макијато, мокачино, лате... Ќе ги запамтите сите овие комплицирани подмножества и ќе отидете во место во кое ќе ви речат дека имаат само турско.

Сите сме ние Вондер

Една од оние илузии кои ве тераат веќе ништо да не им верувате на сопствените очи. Лажат, сушат. Без секирација, не мрда ништо и не мора да зјапате во некоја точка.

Факт на денот

Знаете ли што е АНАТИДАЕФОБИЈА?

Сакаме и ние!

Споменичната еуфорија кај нас наликува на Њујорк на почетокот на 30-тите годиниа на минатиот век, кога грозничаво се граделе облакодери. Разликата е во тоа што на Американците не им пречело да внесат хумор и авто иронија во приказната. Кај нас само бескрајни дрвења, во обата правца. Да ѕирнете една фотка па замислувајте колку добро би изгледало ова во наша верзија.

Ерген одев, порно ми беше

Приказна за една ергенска забава во Шведска. За тоа како лесно поминал младоженецот и зошто во иднина неговата сопруга нема баш многу да го бацува во образ.

Скопје, две илјади и која?

Прашање на ден е кога нашите локални тајкуни ќе се сетат да го копираат примерот на богатите фаци од пренаселениот кинески град Жужоу. Индивидуални градби за живеење, со пристојно големи дворови и што е најважно - поглед од високо. Плус не ти лизга куќата како на Водно.

Порно без интернет

Интернетот лесно ги навикнува луѓето на некои свои содржини. И одеднаш, заради којзнае која причина, ќе снема интернет! Па зависниците мораат сами да се снаоѓаат. А кога ќе дојде интернетот, задолжително е да се сподели :)