Канта

Со свадбата се претера

Оваа британска двојка никако да се реши каде да се веча па во меѓувреме со трејлер шпартаат по планетава и прават генерални проби. Минале 20-тина локации, им остануваат уште 10, на крај ќе одберат едно од местата и - ќе имаат дежа ву.

Брендови со граматичка мана

Џабе прави човек бренд, ако некој не се потруди да му го ископира што е можно полошо. Дел од не-брендовите кои можат да се најдат по светот, посебно во азијатскиот дел од светот.

Хуманитарна кафана

Како да им го дадеш на луѓето она на што и онака ги трошат парите, а од нив патем да добиеш и донација, на која ќе бидат горди? Продај им - пиво!

Длабоко грло

Не дека Бетмен, Бери Вајт и Дарт Вејдер се алтови ама Тим Стормс е басот над (под)  басовите. Добитник е на награда на Decca и официјално е сопственик на најнискиот тон произведен од човечко грло. Нашите уши го слушаат она што се движи во опсегот меѓу 15 и 20.000 херци. Тим Стормс се спушта до 8 херци. Многу ниско од негова страна.

Си немал урбанистот работа

Вкупно 100.000 спрата, на површина од 600 X 300 сантиметри, град подигнат за 40 часови. Цврсто, стабилно, речиси захефтано.

Некои нови Руси

Павел Петел е руски Ди Џеј. Со една голема дилема во себе: некогаш сака да биде мажиште, некогаш сака да биде жениште. Ваков ајван мајка ретко раѓа.

Фори за низ кујна

Некои се генерално за подобро да се снајдете и подобро да ја искористите кујната, а некои би требало да ви помогнат да направите подобар хамбургер или да ве изненадат што може да направите со леблебија.

Во светот на идеите

Неочекувано добивме желба кантовски да контемплираме околу идеалната држава. Ѓаволско тешки дилеми кој е вистинскиот пат до чистата среќа. Критика на зачадениот ум.

Олимписки предлог

Ако постои дисциплина која може да ја надмине гледаноста на женска одбојка на песок, тогаш тоа е оваа дисцплина.

Зошто да не играте лотарија

Двајца дечки го исцедиле симулаторот на американскиот џек пот, коj неделно нуди премии од 40 милиони долари а тикетот чини само 2 долара. Изиграле за следните 350 години.

Кинези во Икеа

Македонци одат во ИКЕА да се изморат. Кинезите исто одат, само обратно. А политиката на менаџментот е да не ги закача луѓето.

​Старците и филмот

The Expendables 2 успева да ги собере (речиси) сите големи акциони ѕвезди кои со години ги гледаме како се дробат во најразлични филмови. Кога ќе ги споредиш со "млади години," излегува дека акциониве ѕвезди знаат прилично добро да стареат.

Уметноста на не побараниот редизајн

До ова обично доаѓа кога си дизајнер а твојот омилен сајт (или сајтот што мора да го користиш) ти вади очи и повеќе не можеш да издржиш да го гледаш. Тогаш имаме нешто вакво.

Големата руска тајна

Кoга во остатокот од светот на човек ќе му престане пулсот, може да се надева само на брза помош од типот на вештачко дишење и сл. Во Русија имаат некаква магична течност од која само неколку капки се доволни да вратат човек од мртвите. Ја има по улици.

Божиците паднаа на теме

Целата филозофија "немој да се жениш заради цицки и долги нозе" почна да изгледа многу паметно и тоа благодарејќи на една прошетка на Бриџит Нилсен во парк во Лос Анџелес. Ах, а што мерак беше...

Одиме во Италија

Манастир Света Роса, Италија

2 месеца украински парламент

Парламентарците во Украина уште не можат да престанат да дебатираат околу законот за рускиот јазик, кој предвидува укинување на рускиот како официјален јазик на целата територија на земјата. Еве како оди досегашната дебата.

1 минута интернет

Што се случува на интернетот во рок од 1 минута. На целиот интернет како платформа, од Твитер (100.000 твитови) и Фејсбук (684.000 шерови), до Вордпрес (347 блог постови) и Тамблр (27.700 постови).

Музика за пиење

За разлика од профи играчите, на аматерските алкоси им треба амбиент, атмосфера, музика и ред други работи за да се направат гипс. Тука сме. Извонредно забавен сервис кој, ако му кажете што слушате во моментот, ќе ви предложи соодветна пијачка која "оди" со таа музика. Толку е добар што за Дарио стварно нуди вотка.

RockAbaby!

Музика за бебиња што сакате кога ќе пораснат да слушаат добра музка. Од Фу Фајтерс и Ред Хот Чили Пепeрс, до Металика, Депеш Мод и Полис, се спакувано во бебешка верзија.

Тајмингот на нашите одлуки

Кога ти доаѓа потреба да мрднеш од своето место, да ја напуштиш својата комфорна зона, да посакаш да ги прескокнеш пречките пред себе. И кога на крај навистина ќе го сториш тоа, а судбината ќе те дочека спремна.