Канта

Олимписко геј порно

Како лошо испланираните телевизиски кајрони ги претворија машките скокови во базен во геј порно.

Бетмен vs. Ајронмен

Не кој е појак, туку кој е поскап. Колку чини да бидеш Бетмен, а колку Ајрон. Пред пресметката треба да се знае дека Вејн ентерпрајзес (на Бетмен фирмата) се проценува на 7 милијарди долари, додека Старк индустрис (на Ајронмен) се проценува на 20,3 милијарди долари.

Уметник или манијак?

Лани почина Мирослав Тихи, клошар од Чешка кој зад себе остави фасцинантна колекција од илјадници фотографии на девојки кои се бањаат. "Творел" исклучиво во својот роден град Кујов a за својата техника вели: "Важно е да имаш лоша камера." А камерите на Тихи се картонски, со капачиња од шишиња и ластичиња. Уметник или манијак? А зошто не и двете?

Елизабета радост ти ќе бидеш

Кога и да се појави во јавност британската кралица не престанува да зрачи со својата топлина, радост и задоволство од сè што се случува околу нејзе. Исто беше и на отворањето на Олимпијадата.

Брачен тренинг

Можеби тајната на бракот е во надминување на стравот истовремено да се падне и во способноста заеднички да се исплива. Една хрватска двојка го започна својот брак со оваа лекција.

Гурбет 2.0

Ако некому СТВАРНО му се заминува од Македонија ама не да оди по Шпании, Зуричи и Канбери па пак секое лето да кмиши овде по роднини - му најдовме место. Среде океан. Најтуѓино, најјабано.

Едно име имаме

Дузина познати ликови кои одбрале едно име за "меѓународна употреба". Дури и на францускиот просветител, Волтер му е естрадно име. А Ајс Ти е закон колку е искрен.

Домаќински трикови

Секоја домашна актиовност знае да биде полна со непријатни изненадувања. Неколку многу практични совети како да се направи домот поднослив за нервите и ефтин за одржување.

За малку

Неколку ситуациии кои влакно ги дели од многу, многу лош исход.

Его правила за постери

Не сме сигурни дали е ова случајно или секој од овие филмски ѕвезди со договор го има заштитено правото како ќе се појави на филмскиот постер. А дека има некоја закономерност - има.

Сите бои на Меркел

Во поглед на дизајнот, германската канцеларка е прилично конзервативна со нејзините "те једно те исто" костумчиња. Но, што се однесува до боите, си сака жената да проба различно.

Сите бои на Меркел

Германската канцеларка носи те једно те исто, ама затоа кај боите не штеди.

Стилски вежби

Се вика Сергеј Михалок и основач е на белорускиот бенд Лјапис Трубецкој. Не знаеме многу за него, само забележавме дека со текот на времето малку од малку го има сменето својот имиџ.

Тајната на женските чанти

Мажите мислат дека тие ги носат само затоа што добро им стојат. Не, не, тие цел свој живот го носат внатре! И не е толку чудно што сè може да собере една женска чанта, чудно е како успеваат да најдат нешто во нив.

Пишувачите на текстови

Пишување текстови (или поп хитови) некогаш и сега. За некогаш "игра" Фреди Меркјури, за сега "игра" Бјонсе.

Новиот Микрософт?

Ендру Ким е роден 1991-ва во Сеул. Од тогаш, до денес има научено дизајн и има работено со сите од Гугл до Циско. Ова е неговото сфаќање за иднината на Микрософт.

Што значи звукот на модемот?

Во веројатно најзадоцнетото објаснување на сите времиња, дознавме што всушност значат звуците што на времето ги испушташе дајл-ап модемот. И он си имал муабет.

Постери за луѓе што не патуваат никаде

Идејата е што ако ете дома ти е каде, каде поубаво отколку да си на некоја планина, или може не ти е поубаво, колку што ти е полесно и помалку заморно да организираш седење дома, отколку одење некаде. И ти исто заслужуваш да имаше сеќавања како и другите.