Канта

Кога Путин ќе ти шепне

Рускиот претседател Бадник го дочека во една црква во Сочи. Во еден момент Путин клекнува и му шепнува нешто на едно дете до него. Никој не знае што, ама јасно е дека животот на детето веќе никогаш нема да биде ист.

За Бадник, догодина

На сите што годинава им се падна маалското париче па догодина ќе бидат главни бадникари во својата околина, им посакуваме многу здравје, среќа и успех во намерата навреме да се поврзат со некој магацин кој ќе донира приближна количина дрвени подметоци за палети.

Предвидување за технологијата во идните 150 години

Шансите дека годинава Гугл ќе го купи Пинтерест, големи (коефициент 3). Шансите дека до 2062-ра човештовото ќе има изградено база на Марс, не многу големи (коефициент 33). Шансите дека до 2050-та човечката популација ќе го достигне врвот и потоа ќе почне да се намалува, големи (коефициент 1,25). Шансите дека до 2034-та ќе можеш да се логираш директно со мозокот, добри (коефициент 10).

Механизам на запросување

Бидејќи немал пристап до медиуми за да ја запроси својата девојка преку весник, еден дечко тоа го извел вака:

Мнооогу битно за 2013-та

Ова човештвото го нема видено цели 25 години. За првпат по 1987-ма година, 2013-та ќе биде година во која...

Сајт за нумерофили

Кратки видео клипови поврзани со бројки, забавни дури и за оние кои како нас, тотално се губат во тој свет. на пример, знаете ли зошто 493-7775 е тотално интересен телефонски број, или зошто Пекмен има 255 нивоа?

Животот и смртта на 10.000 рози

Сето ова е дело на шкотската уметничка Анија Галакио, која цела соба ја наполни со рози за да "ужива во нивната убавина и да види што ќе се случи потоа." "Ми се допаѓа мешавината на прослава со смрт и распаѓање," објаснува уметничката. Еве како изгледа сето тоа.

Снежен град

Ова порано и кај нас се правеше, во Бунец, Маврово. Русите продолжиле. 180 кубици мраз, 150 кубици снег, шарено светло и ете ти фина зимска магија.

Упатство за преживување за мажи

Во зависност од тоа како се "хормонално расположени" вашите партнерки (ја девојка, ја сопруга) има четири генерални пристапи кои можете да ги искористите за комуникација со нив. Сепак ќе треба сами да процените по кој пат ќе тргнете.

Премостување на проблемите

Еден од најголемите ужаси што еден маж може сам на себе да си го приреди. Кога почнува да ја губи косата, па не може да се помири со тоа, па почнува да ја прави онаа "нека левото уво види што прави десното" фризура. Како бе се гледаат такви во огледало и си викаат: Добро е?

Журка ко журка

Класична божиќна забава, по дома. Луѓе дошле, кој каде нашол место таму застанал, некој сликал и тоа е тоа. Сè додека не почнете да препознавате фаци присутни на забавата. Не е она Бред Пит? Роналдо, Мишел Обама, Семјуел Џексон, Конан, Роберт Дауни....? Каде е бре ова? Во куќа некоја де.

Дрво на денот

Како ни работат асоцијациите, после ваков наслов мора да се нагласи дека не се работи за избор од богатата понуда на македонската фудбалска репрезентација. Вакво дрво ни таму нема да најдете.

Да запалиме по една надвор?

Бидејќи Владата не изгледа дека ќе попушти околу забраната за пушење (што не им смета со милиони да го помагаат материјалот за пушење) а кафанџиите се главно шконтари околу купување греачи, печурки и други извори на топлина (они се навикнати некој друг да им го спонзорира материјалот за дуќанот, тендиче/фрижидерче), останува  да се потпреме на вакви, лоу фај помагала. З'гнете тоа бабите и нека плетат.

Инстинктите не лажат

Добро, ние сме шовинисти полни со предрасуди на тема, жените се трупови за возење. Животните не се такви, нели? Еве, едно куче нека пресуди кој е подобар возач.

Kentucky fried people

Едо Маајка пееше: "Amerika nije rad i znoj, Stulicu lag'o si, jeboli te onaj stih tvoj". Со темната страна на американскиот сон се занимава фотографот Шелби Ли Адамс покажувајќи ни ги луѓето од најсиромашниот дел на Кентаки. Денешни се сликите, ако изгледаат кaко ликови излезени од филмот "The Others".

Дефиниција за половичен успех

Во школо, тоа е кога ќе добиеш тројка. Во фудбал е кога ќе издејствуваш нерешено. Во затвор е ова.