Канта

Ова треба да се проба

Фотографијата е замрзнат момент. Што фали да замрзнат два момента заедно? Земете неколку свои фотографии од минатото и правате нови фотки на истите места, вметнувајќи го минатото во сегашноста. Малку е "The Оthers", нели?

Кружен тек за пешаци

Таман Скопјани и останати се поднаучија да ги користат новите кружни текови во градот (освен оној кај Ѓорѓи Димитров кој е ретко глуп), доаѓа нов предизвик од Шангај.

Боки 13, next generation

Во форма на предупредувачки меил, ни стигнаа фотографии од едно наше момче кое се одзива на името Г-дин Бобо (моментално Без Број). Наводно студирал на Американскиот колеџ во Скопје а моментално живее во Белград. Она што нè натера да ги објавиме фотките е морничавата најава дека е можно и тој да има естрадни амбиции. А кој се изгорел на 13, ќе дува и на Без Број.

Малку патетика со вистина

Приказна за двата волка во човекот. И за нивната борба. И за тоа кој волк ќе победи.

Облакот во нас

После една вонсериски убава есен, дежурните метеопати го дочекаа првиот облачен ден да ги наполнат своите статуси и твитови со времето, тагата и меланхолијата. Фак дем ол, нека пробаат да дрндаат на таа тема во Финска.

Островот од Skyfall

Хашима, Јапонија. 5.000. ИМал 30 стамбени блокови, 25 продавници, два базена, болница и гробишта. 39 години нема ништо, освен штабот на лошиот Хавиер Бардем кој сака да ја скеца британската тајна служба.

Кога се сомневаш, шминкај

Русинки во нормална состојба и потоа во состојба пред излегување, свадба, матурска или што и да е кога треба да изгледаат добро.

Изедете ги доказите

Доколку зад своето уништување калории не сакате да оставате траги во вид на извалкани садови, еве неколку добри идеи за сервирање храна.

Терапија за "Центарци"

Мала но благопријатна рехабилитациона терапија за сите оние кои под дејство на храбрите медиумски сознанија на своите плеќи почувствуваа огромен товар од одговорноста што живеат во центарот на светот.

"Fucking" моменти

Десет моменти во историјата кога "fucking" бил уникатно соодветен израз. Листата е фотографирана во средно училиште во САД, обесена од професорот по историја. 5-ка за него.

Неколку мисли за пишувањето на интернет

Комплетниот креативен процес за пишување на интернет. Се ова што го пишува стварно е така. Сите прво се се прелажуваат дека е лесно и дека секој го може, за после некое време да пцујат што некогаш воопшто фатиле тастура. Па има инспирација, има криза, има успех, па има коментари, па има разочарување. Сè има.

Акциони херои во чест на #movember

Како би изгледале акционите филмови, кога главните ликови би го испочитувале #movember. Може и вака.

Ако ова не е љубов

Таа има 26 години, тој има 42. Таа и е сестра на Ешли Олсен, тој му е брат на Николас Саркози. Дечко и девојка се. Своеволно.

За убавината и пред неа

Неколку пред и потоа моменти. Пред - кога ликот во нив е сосема нормално убав vs. потоа - кога ликот е убав според нечовечките стандарди кои се практикуваат.

Сликите не се за гризење

Се вика Тјалф Спарнај и е намерачен на сликање храна. Конкретно, хипер-реалистична храна. Сериозно, премногу е добар и сè изгледа баш како што треба да изгледа.

Зошто треба да се учи

Објаснување во една слика.

Кога клиентот се разбира

Jacques Séguéla еднаш рече: "Не ѝ кажувајте на мајка ми дека работам во адвертајзинг агенција. Нека продолжи да верува дека свирам пиано во јавна куќа". Во чест на оваа напатена професија, мала збирка од идиотски барања на клиентите.

Телма и Луиз

Најболен удар врз пензионерите беше укинувањето на идеалните чекчиња и принудувањето на стари години да се расправаат со оние ѓаволски банкомати. Но, некои од нив брзо се организираа во формација: Терај, јас ти чувам грб!

Ако интернет не ти помогне, кој?

Дечко ја утнал фотографијата и бара помош од луѓе на интернет некој да ја поправи во Фотошоп. Сакал да направи фора со сонцето ама не му успеало. Секако, добил помош.