Канта

Ерген на денот

Мажов е Русин, има 39 години (хмм), злато и крзно, ама нема жена и осамен е, па преку оглас бара Пепелашка (да, баш овој збор го има употребено) со која ќе го сподели сето ова. Долната граница на возраст на потенцијалната кандидатка е 16 години.

Како да станеш најдобриот веб програмер во еден чекор

Базирано врз искуствата на стотици и стотици програмери, изведено е едно единствено барање што е потребно за да станеш најдобриот веб програмер. Сè што треба е:

Совети за живот од луѓе во години

Што совет би им дал човек што е над 60 години на луѓе кои се два или три пати помлади од нив. На сите теми и општо за животот, од партнерот и парите, до болки во колената.

Отоманска кинематографија

Западни филмови (Inception, Alien, A clockwork orange, Kill Bill...) пренесени во времето на Отоманската империја. Целата работа е дел од дипломската на Турчинот, Мурат Палта.

Правила за машка мода

Како за мажи нема многу да се замара со детали. Шест категории се: маички, сандали, очила, часовник, бермуди, кошули. Советите генерално се: да, не и аман немој.

Расадот на Спилберг

Пред 12 години на 9-ти септември беше премиерата на првата епизода на мини-серијата на ХБО, Band of Brothers, една од најдобрите телевизиски серии на тема Втора светска војна. За серијата беше избрана група на релативно млади и непознати глумци. Продуцент на серијата беше Стивен Спилберг. Еве каде се денес десетина од "браќата".

Запчаниците не ги измислил човекот

Статијата е од магазинот Popular Mechanic и се однесува на совршената механичка опрема која ја поседува најдобриот скокач на планетава.

22 правила на Пиксар за раскажување приказни

Ова го имавме во пишана форма, сега го начекавме во многу полезетско издание - со слики. Правилата за раскажување ги собрала од Ема Коатс од нејзините постари колеги додека работела како цртач на анимираните филови на Пиксар. Списокот објаснува дел од формулата како Пиксар создава ликови за кои веднаш почнуваш да се грижиш и кои ги паметиш долго време.

Кога ќе дојде ред да ги менуваш страните во животот

Ништо идеолошко, чисто Шведска. Првиот ден од воведувањето на законот за возење од десна страна.

Рецензија на денот: Акомодатор

Што мислат другите корисници за производот кој ве интересира е една од најдобрите работи кај интернет шопингот. Ако безрезервно и доволно долго им верувате на таквите рецензии, еден ден и вие ќе можете да се пофалите со инжинерски ум.

23 животни вистини од Луи Ц.К.

По повод 46-от роденден на Луи (кој по сите правила му беше вчера) едно комплетче од негови мудрости од изминативе неколку години, кои и понатаму важат.

Ѕвезди на 70-ти

Во овие 40 години некои остареле, на некои им успеало да останат исти, некои само изгледаат поискусни, плус Мерил Стрип.

Упатство за вонземјани

Секој научно-фантастичен филм со вонземјани кој држи малку до себе, достојно го запознава гледачот и главните ликови со некои основни слаби точки на вонземјаните кои последователно ќе доведат до нивно комплетно уништување. Еве како би изгледало кога некој нам би ни направил слична анализа.

И вие сте смешни

Ако во нешто помогна интернетот тоа е да ни докаже дека луѓето како род знаат да бидат глупи, ама не е дека само ние на планетава така се однесуваме.

Тие го промениле името па што?

Да видевме ваков наслов на медиумите кои дудлаат кај Владата, ќе мислевме дека е порака од горе за менување на курсот. Да видевме ваков наслов кај сороспиите, ќе мислевме дека појачуваат притисок за предавство. Кај нас, којзнае што се помислува. А е рокенрол. Пошто од секс, Маро мори, абер да се немало. 

Сепак сме Словени

Во рускиот град Уфа свечено беше пуштен во употреба новиот подземен премин, инвестиција за која градот одвоил близу еден милион евра. Од новиот премин се очекува битно да ја зголеми безбедноста на пешаците и да го олесни секојдненото движење на ова фреквентно место. А сега, да ви го објасниме насловот. 

За која држава има најмногу вицови во друга држава?

Идејата е да се направи мапа со тоа во која држава за кого се прават најмногу вицови. Па така во Македонија, Албанија и Турција има најмногу вицови за Грците, за нас најмногу вицови има во Бугарија, Грција им е намерачена на Албанците, а Италија е единствена која најмногу се исмејува самата себе.

Уа шепкачи

Да бидеме искрени, првпат слушаме за оваа ајфон апликација. А има далеку повеќе посети од CNN.

Нашиот Буда

А сега, господарот на здравиот разум, шаолин мајсторот на способноста ништо да не може да те одушеви, господинот Карл Пилкингтон.

Комплетче за Павлов рефлекс

Дури и најголемите дунстери од школо го памтат познатиот експеримент на рускиот физиолог Иван Павлов за рефлексното однесување и значењето на наградите и казните во учењето на пожелни и непожелни однесувања. Сега финтата се продава како комплетче.

Архи братот на Гоце

Студентскиот дом Гоце Делчев од Скопје  имал свое поголемо архитектонско братче, кого судбината го одвела дури во Сингапур. Се извинуваме за секоја солза која ќе биде пуштена од станарите на Гоце.

Ферарито на Клептон

Ерик Клептон не само што поседува Ферари туку поседува Ферари SP12-EC. И да, она "EC" значи "Eric Clapton".