Позитивната страна на реакциите е што сфаќаш дека речиси секој има проблем со цена од 12 долари за пакување од 12 јајца. Фотографиите се направени низ Менхетен.
Актуелниот канадски премиер досега играше непогрешливо и добиваше чисти десетки и за техника и за уметнички дојам: од политичките ставови, преку општото ниво на култура и знаење (види овде) па до стилот на облекување. Но, им се случува тоа и на најдобрите:
На најпопуларниот порно сајт на светот некој го ставил говорот на Борис Џонсон. Од локацијата на која одбрал да го сподели а особено од насловот на клипот, јасно е што тој мисли за Џонсон и излегувањето од ЕУ.
Во тоа време водителот работи како уредник во Аутокар магазинот, а една од задачите му е да го состави годишниот каталог на авто-тестови на отворено. Под составување на изданието се подразбира и да ги напише текстовите, или барем воведите за него. Премногу добра шанса за Меј за да не ја искористи.
Јапонците беа први кои измислија писоари со сензори кои пуштаа вода штом насетат човек. Ова е следниот чекор, почекајте едно пет години и овде писоарите да ги претворат во храмови.
Благодарејќи на модерното чудо на технологијата, наречено смартфон, веќе нема да можеш да се вадиш дека твоите ти тераат црна кампања кога на стари години ќе те ругаат за тоа колку неподносливо дериште си бил/а. Неколку примери на прекрасно неподносливи детишта.
Вчера во Фиренца пука една од главните водоводни цевки во градот, по што половина град останува без вода. Делот кај што пука цевката случајно се погодува да е паркинг. Веќе не е.
Влегуваш во уметничка галерија, како што се шлаеш низ неа наидуваш на очила оставени на патос. Веројатно најголемата драма што може да ѝ се случи на твојата кариера како познавач на уметноста: дали ова е уметност или намештаљка.
Нивна среќа што успехот не им зависел од тоа да го привлечат нечие внимание на Фејсбук во рок од еден скрол на маус. За секој случај, еве и една порталска верзија на книгиве.
На некои автоматски им се направи апдејт, некои слушнаа муабети па направија апдејт, ама на сите не им се верува и не можат да се помират со тоа што им се појави на мобилниот.
Работа ко работа, стануваш во 5 поладне, гледаш да завршиш што имаш работа и во 22 да се нацрташ во стриптиз клуб, па таму скоро до сабајле на шипка. Пред одење дома, обавезно броење пари и по некое селфи со прометот од твојата смена.