Видео

Можат ли транџите да истрпат виц на своја сметка?

Дали Рики Џервејс во новото шоу претера со заебанции на сметка на транс-лицата или пак проблемот е што тие се сметаат за забранета тема за подбивање и дека човек може да се заебава со сè ама не и со нив? Кај Пирс Морган дебатираат една транс-комичарка, прилично безживотна (не го гледала цело шоу ама дошла во емисија) и Џон Вотерс кој е  - цар!   

Знаат ли тие да одат во колона?

Кај нас во прво одделение, пошто нема оценки туку описно рецензирање, една од вештините е „знае да оди во колона“ (?!). Пазете, ние сме задоволни ако нашите првачиња знаат да одат во колона, тоест ако не тргнуваат во рикверц или не застрануваат па да треба да бита праќани на вулканизер, за да им се стави оловце. Со какви вештини располагаат деца од кинеска градинка?

Најважната лекција што Европа треба да ја научи

Човекот зад изјавата е Субрахманјам Јаишанкар, министерот за надворешни работи на Индија, кој деновиве беше на една конференција за безбедност во Братислава, каде се инсистираше на подаништво од Индија кон Западот и му се качуваа на глава околу индиската соработка со Русија и незаинтересираноста околу санкциите и општо западната агенда.

Чекај да видите што е лоша карма

Виктор е војник на народната милиција на ДНР кој бил заробен од Украинците и кој, според руските медиуми, бил толку измачуван (столчен череп / искршена рака и прсти / боден со нож во грб) што е чудо што преживеал. Вака очекуваните руски тврдења за украински злостроства добиваат на тежина во моментот кога еден заробен Украинец ќе го здогледа Виктор.

Педијатриски волци во јагнешка кожа

Мет Волш се навраќа на муабетот со една посебно интересна соговорничка од неговиот филм (Што е жена?), педијатар која озлогласените блокатори на пубертет ги претставува како да се работи за стискање пауза на песна која свири. Па по некое време можеш да стиснеш плеј па песната, тоест пубертетoт, си продолжува кајшто застанал. Така било тоа.

60 години Ролинг Стонс

Во Мадрид и Шпанија Ролинг Стонси ја почнаa јубилејната турнеја со која обележуваат шест децении тркалање на камењата. И пазете, денес, во 2022 година, за првпат во живо изведоа песна која ја имаат објавено уште во 1966 година. Ете со каков моќен арсенал муниција располагаат старките. Ја знаете песната, добра една.

Дуел меѓу научник и рамноземјаш

Седнаа и си кажаа што имаат да си кажат за сите „спорни“ прашања: за обликот на Земјата, за стигнувањето на Месечината, за гравитацијата, за тоа дали НАСА ни крие тајни.... Никој никого во ништо не убеди ама има еден убав епилог од муабетот: дека пак би оделе негде на пиво заедно.

Полска ја победи ЕУ?

Доминик Тарчински е полски пратеник кој беше на отстрел на ЕУ и либералите во времето пред Путин да ги обедини сите нив како деца бегалци. Аргументот на Тарчински, заради кој беше осудуван, е дека на Полска (и ЕУ) не и треба увоз на бегалци од надвор од Европа. Сега Тарчински и извади завршна сметка на ЕУ за тоа каде е Полска, а каде е ЕУ.

Пожар од батерија не е само обичен пожар

Без разлика дали е батерија од мобилен телефон, електричен тротинет или електричен скутер, секогаш палењето на батериите, заради каков и да е проблем, е далеку понеочекувано и понасилно отколку што сме навикнати да гледаме, пример кај резервоар на кола, на чија безбедност и засилување се работи повеќе од 100 години. Плус, ако има повеќе келии, главно секоја посебно се пали, без разлика колку си ја гасел претходната.

Паркинзите во Шангај си ги бараат парите

Кина конечно го укина над 2-месечниот масовен карантин што го воведе во Шангај. Карантин кој никогаш не ни беше претпоставено дека ќе трае два месеца. Сега како што луѓе излегоа од дома, така почнаа да си ги вадат колите од платените паркинзи кај што беа оставени и така почнаа да ги удираат шлогови од цената за паркинг што треба да ја платат.

Мексиканските картели веќе не се ни кријат од американска полиција

Очекуваното е дека секој тешко вооружен криминалец со некаков си топ од пушка и калашников, ќе има доволно пристојност барем да изглуми дека и се плаши на полицијата и ќе го скрие својот арсенал кога се разминува со нејзе. Не бе, нема веќе таква пристојност.

Што беше курцшлусот на финалето на Лига на шампиони?

Официјалната верзија гласи: Ливерпул ги викна навивачите да дојдат дури и без карти, тие дојдоа, пробаа да влезат и настана хаос. Меѓутоа снимките од Париз не се баш само од навивачи на Ливерпул.

Интервју со невработен програмер почетник

Еден од најдражестите периоди во развојот на секој програмер, некаде меѓу главен во друштво за компјутери и првата плата за програмирање, и една од најискрените (и најамбициозни) негови форми пред да ја изгуби програмерската невиност.

За малку последната репортажа

Странски / локални новинари кои патуваат заедно со украински единици дремат на некој пат во некоја украинска недојдија. Најверојатно на камера ги фаќа некој руски дрон кој им ја пренесува позицијата на околните артилеријци. И една дилема од ова: дали е среќа да падне бомба на пет метри од тебе или несреќа да падне бомба на пет метри од тебе.

Некои Арапи налетаа на погрешни навивачи на Ливерпул

Во часовите пред и по дебаклот од организација на финалето на Лигата на шампионите, во Париз имаше улични инциденти меѓу дојдените навивачи на Ливерпул од преку каналот и арапско/северноафриканската мигрантска популација во Париз.

Зошто масовните убијци избираат АР-15?

АР-15 е цивилната верзија на американската М-16 и за несреќа е идентично квалитетна и разорна пушка. Зборувајќи за куршумите на АР-15 професорката од Универзитетот на Јужна Калифорнија Синтија Бур ќе каже „коските нема да се скршат туку ќе се распарчат. Органите нема да бидат само пробиени, туку делови од нив целосно уништени.“

Кога американски 13-годишник проба легално да купи оружје

Детето е дел од скриена репортажа за ХБО направена во 2014 после којзнае кој училишен масакр во САД. Малиот проба со својот преочигледно детски излгед да купи цигари, пиво, порно, лото ливче и пушка. Само на едно место не го вратија назад.

Највисоката фамилија на светот

Скот, Криси, Савана, Моли и Адам Трап просечно се високи 203.29 сантиметри (Адам е 221,7). Си ги кажуваат маките да најдат облека и бочно да се симнуваат по скали направени за мали стопала. И се грбават на кујна со стандардна висина, наместо да си направат прописна.

 

Оливер Стон за руската инвазија на Украина

Режисерот утна кога прогонозираше дека Русија нема да влезе во Украина но и сега смета дека војната ја посакувале Американците чија главна цел е да го срушат Путин и да донесат некој нов Елцин. За после да тргнат во клучниот судир, со Кина.

Во рововите на Украина

Ретка снимка од дрон од директен судир и операција за освојување и чистење ров во Украина. Војници наредени како ПЕЗ бомбони, ни лево ни десно, само напред, само на нишан. Ништо повеќе смелост да се влезе во ровот, ништо помалку смелост да се брани ровот.

Урсула фон дер Логика

Мора да продолжиме да купуваме нафта од Русија бидејќи ако не купуваме ние, Русија ќе ја продаде таа нафта на други и така ќе дојде до нови пари. Со други зборови, никој друг не убедивме да не купува од Русија.

Сенаторот Бајден: Беси го!

Поо повод полициското претепувањето на Родни Кинг во далечната 1991 година, настан што беше повод за големи расни протести во цела земја кои се сметаат за зачеток на БЛМ, Џо Бајден, тогаш сенатор, се исчудува како тоа признание дадено под ќотек од полиција, не се смета за валидно на суд. „Море, беси го!“ ќе каже денешниот лидер на слободниот свет.

Зошто Русите со недели чекаа пред Азовстал

Азовстал не е железарница или челичарница, туку е „металуршки комбинат“ кој во себе вклучува неколку челичарници и железарници, плус железница и којзнае каква сè инфраструктура, и оваа монструозност се простира на над 11 километри квадратни или во наши мерни единици цел Центар и Чаир заедно (7,5 + 3,5 километри квадратни).

Најголемиот бран некогаш јавнат од човек

На 37 годишниот професионален сурфер приликата му се погаѓа во португалски води во октомври 2020 година. Биле потребни 18 месеци тоа да биде верифицирано од група научници и експерти од Гинисовата книга на рекорди и признато како највисок бран по кој човек досега сурфал. 26 метри.