Видео

Совет за успешен и хармоничен брак

Празнициве додека се излежаваш на кауч како морж во полукоматозна состојба, а телото се обидува да ги обработи нечовечките количини храна што ги имаш товарено во твојот желудник, од голема корист за твојот брак ќе биде ако со видеово ја потсетиш жена ти дека не пуштила машина за перење. За дополнителен впечаток може да се употребат зборовите „а тебе те мрзи две копчиња да стиснеш“.

Оној еден што мора да се издвои

Туристичка тура со чамец кој проаѓа под мовче па луѓето во него треба само да се наведнат. Не и тој. Тој се качи на мостот со финта дека ќе се врати во чамецот таман кога ќе дојде на другиот крај на мостот. Потфатот ќе изгледаше успешен, ако видеото траеше некоја секунда пократко. 

Сите деца вака да блескаат

Група деца сакаат со песна да ги честитаат божиќните празници. Не се тоа млади од Беверли хилс или од некое кремкасто приватно школо кај што имаат посебни курсеви за вежбање емпатија. Ова е многу подиректно и пооргански.

Отвори го прозорецот да подиши градот

Песната се раѓа во 1994 во Скопје. Ја пишува најдобриот скопски поет Џовани (на органите познат како Јовица Ивановски), после цели 29 години таа излегува од фиока и се сели за Белград, од каде со додаден шмек од Ема & Џими и Јулија Кастелучи, се враќа во родниот град, со спот - омаж за Скопје, градот кој не престанува да ги инспирира и збунува луѓето кои живеат во него.

Ова ли ќе ги слушам до крајот на животот?

Добра заебанција. На дечко му ставаат апарат за слушање. Добра вест: за првпат може да си го сlушне сопствениот глас. Лоша вест: за првпат може да го слушне гласот на неговата девојка.

Кој е за бело, екстра бело?

Има можеби 15 години поминато од ова „филмско“ парче македонска иновативност, неконвенционалност и дрскост.  Штета што немаше кој да го следи „жанрот“ па наместо нешто вакво, телевизиските слотови се полни со досадни и кринџ пораки, темелени на трикотажни синопсиси склопени во „safe mode“.

Неповторливи моменти

Мала видео компилација од моменти кога деца со оштетен вид, со помош на специјално изработени наочари, успеваат да си ги видат своите родители. Монументално ежење и убаво во душата.

Полициско слепило

Група моторџии бесно возат низ град. МИнуваат на црвено, сите, освен еден. Погодете кај кого застана полицијата? Па уште му ја кажува причината: Те застснав зашто турираш ко сељак.

Како се разбраа BBC и Rage Against the Machine

Назад во 2009 година. БиБиСи решаваат во програма да ги имаат и Рејџ. Ама, ги потсетуваат дека ќе одат во живо, дека се работи за пригодна божиќна програма и затоа, да нема некое пцуење или некои безобразни зборови. Еве како изгледаше и звучеше епилогот.

 

Заговор куќа гради

Нам подеднакво глупи ни се и оние тврдења дека сè е заговор, и оние кои ќе ве убедуваат дека ништо не е заговор и дека не постојат злотвори кои зад грб на јавноста се договараат за пакости. Откако нурна во механизмите на Твитер, новиот газда сумира „Сè што важеше како теорија на заговор за Твитер, се покажа како вистина.“ 

Малата е позната

Има една наша водителка која упорно повторува дека нема ништо лошо во тоа да се смета за инфлуенсерка, пошто имала „инфлуенс“ (нека проба да собере луѓе да исчистат снег пред зграда, да види колкумина ќе „инфлуенсне“). Еве една нејзина посестрима, ама на стероиди.

Кога спортски новинар ќе ставиш на временска прогноза

Навикнат на топло во студио, дечкото признава дека се чувствува сè помизерен од новата работна задача. „Како се чувствуваш таму надвор?“, го прашуваат од студио додека тој стои на меќава и треба да даде извештај. „Исто тако и пред осум минути кога последен пат ме праша истото“.

Вакви фраери веќе не прават

Да го чуете Џон Форд од едно интервју со Питер Богданович. Куроболие на најјако. Па после Спилберг да раскаже како изгледала неговата средба со филмскиот маг. Па после Скорсезе како вешто го позиционира во историски контекст. На сите нив мислиме кога викаме фраери, ама најмногу на Џон Форд. 

Нејќе срце у поштеног човека

Многу луда видео приказна. За несреќа, се урнисува хеликоптер кој носи срце од донор. Но, дури тогаш работите стануваат луди. За среќа, луѓето успеваат да го извлечат срцето од превртениот хеликоптер. За несреќа, човекот кој го презема срцето во свои раце, попат паѓа, сосе срцето. Којзнае како сè ќе се развива оваа приказна....

За глупите и тупи новинари кои бладаат „заслуживме“

Некогашниот српски претседател, Војислав Коштуница го имаат убедено дека Србија ќе влезе во Европа ако започне соработката со Хашкиот трибунал. Таман почна трансферот на луѓе во Хаг, на дневен ред се појавува нов услов -  Косово. Па сега се санкциите кон Русија. Утре ќе бидат санкциите кон Кина... „Крај нема тоа“, порачува Коста Чавошки. 

Американскиот претседател кој не почна ниедна војна

„Навистина се надевам дека вие од Украина и рускиот претседател Владимир Путин ќе најдете начин да ги решите меѓусебните проблеми“, му кажа своевремено Доналд Трамп на украинскиот претседател Владимир Зеленски. Кога дојде време Трамп да звучи како глас на разумот, јасно е какво време е дојдено.  

Многу несуптилната разлика меѓу автомобилските рецензии некогаш и денес

Или како автомобилската критика (Кларксон и ко.) дееволуираше во она што денес го имаме, што во основа се сведува на читање на техничката спецификација од производителот.

Како реплицира Чавушоглу?

„Ја предупредуваме Турција да се повлече од Сирија“, одважно му кажа швeдската министерка за дипломатија Ан Линд на својот турски колега. „Не џанам дека ова стварно ми го кажа??“, веројатно помисли Турчинот пред да го испука својот одговор, на крај галантно порачувајќи ѝ „Ништо лично“. 

Енис ги виде Тихи и Прле

„Роберт Де Ниро и Ал Пачино нека се живи и здрави, ама јас сум растен на Отпишаните“, вели сараевскиот глумец Енис Бешлагиќ и раскажува случка кога дошол на снимање на Ивкова слава па во гардеробата се соблекол по гаќи.

Како крцкаше Гибсон

Не се фејкови, туку автентични, оригинални Гибсон гитари. И не ги уништива некој радикално религиозен режим затоа што така му се сонило, туку се уништени на барање на Гибсон. На кратко станува збор за моделот Фајрбрд Икс, една од најлошите гитари излезени од компанијата, толку неквалитетна што Гибсон немаше намера ни да ја распродава, туку само сака веќе да ја нема на светот.

Голем е Алах

Многу јака финта и навистина може да ви упали некого да убедите која е правата адреса за вашите финансиски молитви. Со оглед на тоа што уште се носат маски по продавици, ништо нема да биде сомнително. Само ви треба уште онаква бесконтактна кредитна картичка. Да се проба!

За добра параноја нема лош повод за заговор

Како што се тркалаше Светското во Катар, а Ивана Кнол по трибините на Мундијалот, така на српските медиуми се појави теоријата дека облините на Кнол се заговор на странските тајни служби против српската младина и нивната посветеност кон патриотизмот. Тек па да видат на Инстаграм што се случува.

Лифт до Дедо Мраз

Кај нас ќе се качиш во лифт и единствено со што можеш да се занимаваш е да читаш за колку особи е и што да правиш ако заглави. Во еден лифт во Масачусетс е малку понаку, тој вози право до куќата на Дедо мраз. За 5-10 години ќе го има ова и кај нас, па на 20 портали ќе се читаат ПР текстови за новото „чудо од лифт“ во Ново Лисиче. 

Холандски Божиќ без селаните

Холандската држава и нејзините органи за ред и мир прилично дрско им покажуваше на земјоделците кој е главен, сосе пукање, инфилтрација на провокатори и други демократски методи. Едно мало видео потсетување како би изгледала божиќната трпеза да не се луѓето од нивите и фармите.