Видео

Ладно ли е надвор, wet ass pussy?

Прогресивната #МеТоо култура успеа од радиостаници да ја исфрли песната 'Baby It's Cold Outside' (види овде). Содржела токсична мажественост. Во истото културно миље, најпопуларна станува песна од Карди Би. WAT, скратено од „Wet Ass Pussy.“ Генијално уловувајќи ја перверзијата на оваа епоха, дечко паралелно чита стихови од „лошата“ и „добрата“ песна.

„Два смо света различита“

49 годишен јапонски политичар бил на „толку и толку години“ од матурска. Таму испил неколку пива. Дотука, сè е исто како да е наш политичар. Оттука почнуваат разликите: 1) се враќал со јавен превоз, 2) додека се возел се дигнал неколкупати на тоа шипката, 3) свика прес конференција за да се извини за своето „хулиганство“.

Уништувањето на една Марјинка

Се работи за едно целосно небитно гратче чие постоење со векови по ништо не е спектакуларно се до март 2022, кога работите тргнуваат на полошо, откако тоа се наоѓа на линијата на фронтот во војната меѓу Украина и Русија. Снимката е од Т-80БВ тенк на руските сили, а пустелијата што ја гледате е Марјинка.

Ако денес немате на кого да му љубоморите, изволте

Дечкото се вика Кандид Товекс и професионално се занимава со скијање, ама не таму кај што има знаменца, патека и „оп оп оп оп“, туку само кај што има дивина: снег, карпи и дрвја.

Дефибрилатори во секое маало

Почнале да инсталираат дефибрилатори во предградија на Мелбурн, за секој граѓанин да има брз пристап до ваков апарат, во ситуација кога земјата се соочува со зголемен број неочекувани инфаркти. Планот е секој таму да има дефибрилатор оддалечен најмногу 400 метра од дома. Клучни се првите шест минути од инфарктот.

Навика за 2023, вода во ВЦ шолја да се пушта само со затворен капак

Луѓе со дипломи, бели мантили и лаборатории седнале да изучуваат пуштање вода во ВЦ шолја. Заклучиле дека при пуштање вода од шолјата излегува еден облак микро-фекалии, кои освен гнасниот дел, со себе носат и бактерии, патогени и вируси, што пак е послебно одвратно во јавни тоалети. За да не мора да ви објаснуваат што точно се случува, ви снимиле видео.

Така бе деца!

Еден од најдобрите кавери кои можете да ги најдете на интернет, засекогаш. Малите ја рокаат Пеинкилер, од Џудас Прист. Поголема кине гитара (почекајте да го чуете солото) ама помалата е со оној најпрекрасен и искрен детски пркос, што, јас полоша да не сум? А не да не е полоша туку е махер.

Украина меѓу руски тенкови и европски банки

Кога ќе заврши разорувањето на Украина од руски тенкови, како и да заврши, тоа ќе продолжи од  европските банки, и нивното разорување е уште помалку веројатно дека ќе биде запрено.

Русите не можат да се донарадуваат на трампата на Грајнер за Бут

Да успееа да го вратат дома Бут во замена за Бајден, Русите пак ќе ја претставеа размената како успех. Тоа што го разменија за кошаркарката на ВНБА, која најголема популарност стекна затоа што беше уапсена во Москва, за Русите е епска победа. Плус им остави простор да им шутираат пенали на Американците (на праезен гол) за тоа што избраа дома да ја повлечат Грајнер, наместо екс-маринецот Вилан.

Сигурно имаме вакви даскали, ама, кај се?

Наставник (и тоа заменски) се одважи да се конфронтира со тогаш моќната Медлин Олбрајт и да ја праша зошто Америка се држи до меѓународното право само кога тоа ѝ одговара. Гадот (бог да го прости, почина годинава на 84 години) политички инстинктивно фати да спинува дека наставникот повеќе се секира за правата на Садам Хусеин. 

Си биле двајца глупи активисти

Германски климатски активисти решија да изведат протестен перформанс за време на виолински концерт на Бетовен во Хамбург па си ги залепија рацете за сталакот на диригентот. Ги прееба мала цака: сталакот не беше фиксиран па ги напудија од сала сосе него.  

Испраќањето на Џијан Цемин

Човекот кој ја водеше Кина низ вратоломниот економски скок од 1989 до 2002, беше погребан пред највисокото раководство на државата со вонредно високи почести. Цемин почина на 30 ноември на 96-годишна возраст од леукемија и откажување на повеќе органи.

И да врне и да вее и бура да коси, ПЦР тест ќе се прави

Зошто Кинезите се толку одлучни да прават тест по секоја цена? Затоа што одењето во карантин е далеку полошо отколку дремењето на улица и снег и дожд и сонце за да те тестираат.

Нем професионализам

Кога се работи за некои наши оратори и јазични реформатори, на нивните преведувачи на јазикот на глувонемите најпаметно им е да стојат на страна и да се крстат. Ова е пример од странство, од некоја парламентарна говорница на која жената која зборува паѓа во несвест. Преведувачката - спремна и за тоа.  

Во светот на токсичната позитивност и лажните гуруа

„Биди најдобрата верзија од себе“ е само една од оние верглани бљак фрази на фејкерскиот свет на „само-помош“ што е индустрија од десетина милијарди долари. Книги, курсеви, методи на постојано „напредување“, секоја година сè поскапо им продаваат надеж и илузии на несигурните во себе. Фино скоцкано искуство на еден млад дечко кој се навлекол на тој свет.

Некој кокаин, некој процесори

Кинеските цариници апсат жена која глуми дека е трудна за во лажната мешина да прошверцува од Макао во Кина над 200 компјутерски процесори и неколку Ајфони, наменети за тамошниот црн пазар за делови.

Кога зелената технологија ќе стивне

Гробишта на електрични скутери оставени затоа што повеќе се исплати да ги фрлиш и нов да купиш отколку да им се менува батеријата.

Седумгодишно интервју за работа

Дечко договара интервју за работа во угледна правна фирма. Меѓутоа во уво има скриено апаратче на кое слуша седумгодишно момче кое му дава одговори на она што го прашува нивната жане од кадрово. Секој негов збор е само повторување на она што го кажува малиот. Девојката позбунета не можеше да биде.

Smells Like Rick Astley

Бааги надреална сцена: Фу Фајтерс и Рик Естли, заедно ја изведуваат „онаа неговата“. Грол и пајташите еднаш виделе дека и него го има на лајнап, во соблекувална ја навежбале песната и му рекле, ја научивме да ја свириме, сакаш со нас? „Фак, јес!“, рекол дечкото. 

45-от претседател на САД

Сериозно цела Америка го знаеше човеков и пак го избра да им биде претседател, па дури можеби и ќе го репризира на уште четири години во 2024. Клипот е од 2004, од времето кога СНЛ уште го сакаше Доналд Трамп.

Женска солидарност, два примера

Колку и да знаат да бидат накострешени едни против други (види: Онлајн феминизмот како ексклузивен Клуб на злобни девојки), жени знаат и мрежно да играат кога им треба помош. А во некои ситуации често им треба помош, на пример, околу паркирање. 

Среќен пат на маорски

Малиот оди да продолжи со школување во друга држава, а овие му се браќа, братучеди и останати роднини. Дошле да го испратат и да му посакаат среќен пат како што го личи, со хака.

Сине, па ти се бодеш

Алиса има доверба во Крис па ќе му дозволи да ѝ зачука 30 дози (!) диво произведена хијалуронска киселина во газовето. Крис нема грам школо за тоа, самоук е, сака да експериментира а геслото му е: и да умреме од нешто попат, знаеме дека сме дале сè од себе за да изгледаме најдобро. Е, такви се тоа дебили. 

Мохамед, викни ја онаа нашата

Музиката нема да го спаси светов ама па ни олеснува да го поднесуваме. Чујте ја и погледнете оваа мешана лепота: бахреинскиот музичар Мохамед ал Бахри и неговата дружина „Распеани чаршафи со карирани капачиња од тегла“ (шала, Арапи, шала), ја изведуваат "No Woman, no Cry" од Боб Марли. Цут.