Видео

Богот на аудиофилите

Ако познавате барем еден аудиофил во животот јасно ви е за луѓе со каков проблем станува збор. Тоа што вие го мислите за нив, веројатно тие го мислат за Такео Морита.

Рекламни средства за смирување медиуми

Поранешен инсајдер од фармацевтскиот свет на Такер му зборуваше она за кое вели дека одамна е јавна тајна во тој бизнис: фармацевтските гиганти не дават огромни пари за телевизиски реклами за да ги продаваат своите лекови, туку за да ги поткупат медиумите. За кога ќе избие некој скандал од таа област кој вреди да се истражува, вестите да тргнат поглед на друга страна.

50 филма во 5 минути

Кристофер Вокен почна сериозно во Ени Хол и Ловец на елени (1977 и 1978) и не му требаше долго време да се разигра (во Pennies from Heaven,1981) и да потсети дека кариерата ја има почнато како танчер а првите лекции ги има земено на 3 години. Оттогаш има танцувано/ шизено во 50 свои филма, што го круниса со оној фамозен спот на "Weapon of Choice" на Фетбој слим. „Морав да го направам тоа додека уште не сум стар,“рече челото за тој потег.

Супериорноста на глупоќата

Добар манифест на професорот Сем Вакнин за глупите (и јако глупите) луѓе чие време допрва доаѓа од неколку причини: бидејќи послабо ги проценуваат ризиците, спремни се да го преземат светот, без страв од последиците на нивните дела. А и почесто имаат секс од паметните па бројно се зaсилуваат. На крај, единствената паметна работа која ќе ја имаме во својата околина ќе ни биде телфонот.

Реплика за портпаролката

Карин Жан Пјер е една од послабите портпароли на Белата куќа, позиција која порано ја имаат држено некои бистри умови и јаки вилици. И овде, прилично трапаво, проба да изрази сочувство за тројцата убиени војници во Јордан.  За реплика се јави жена на војник, за да ѝ објасни некои работи. „Така е кога некој држи место само затоа што е црн и затоа што  лезбејка“, вика сопругата со заклучок дека треба да е кривично дело некој да е толку некомпетентен.  

Тешкото допрва доаѓа

Веќе никој нема да ни помага како до сега, а ќе треба да им се помогне и на ранетите војници и на семејствата на загинатите борци. Секој Украинец ќе треба да работи за тројца, ќе порача украинскиот полковник Максим Марченко околу иднината и обновата на Украина.

Биди корисен, плаќај со кеш

Математиката е следна: ако платиш нешто со банкнота од 50 долари, сто трансакции подоцна таа банконота ќе остане цели 50 долари. Ако платиш 50 долари со картичка, 30 трансакции подоцна останале само 5 долари од првичните 50 заради надоместокот што банките го наплаќаат за секоја трансакција преку картичка. Биди корисен, троши низ маало и плаќај со готовина.

Кој рече дека нема разбирачка? Има разбирачка.

За тие што недослушуваат професорката му рече „туширај се колку сакаш, само биди тивок“, што дечкото сосема разбрано и воспитано го прифати. Сериозно.

Човекот што се смее: исповеди на убиец

Во 1965 двајца источногермански сниматели на документарци разговараат со мајор Зигфрид Милер, познат и како „Конго Милер“, поранешен член на хитлеровата младина, а во тоа време платеник кој работи во Африка за подоцна на истиот терен да биде ангажиран и од НАТО. Авторите пред и по ова снимаат документарци во Виетнам, Чиле и Камбоџа, меѓутоа докуметарецот со Милер го сметаат за највознемирувачкото нешто што некогаш го снимиле.

Француските земјоделци ги помогнаа подготовките за Олимпијадата во Париз

На 26 јули во Париз треба да се отворат 33-те летни олимписки игри. Периодов не личи дека во Париз може трафика да се отвори, не цела Олимпијада. Последен придонес за ова го имаа француските земјоделци.

Зошто за разбудените е природно да очекуваат некој да е на каиш?

Обидувајќи се да му накалеми на врат на Дејна Вајт се за што ќе проговорат борците на УФЦ, канадски „воук“ новинар, веројатно тргнувајќи од сопствен пример, прашува зошто толку им го пушта каишот на борците.

Самицата на Брејвик

Еден од најгнасните убијци во последниве децении, Андерс Брејвик, ја тужи Норвешка за нехуман третман бидејќи скапувал во самица од 2012, откако претходната година во терористички напад уби 77 лица (од кои 56 на возраст под 20 години). Да погледнеме каде тоа он скапува.

Спремни за анти-воук комедија?

Јасен е тој и физички и политички принцип: колку едно клатно повеќе го затегаш во еден правец, толку повеќе, кога ќе го пуштиш, ќе отиде во спротивниот правец. Така и со ова. Што организирано, што спонтано расфрлани како денунцијанти по социјалните мрежи, овие фејкерскиве прогресивци толку се забахатија правејќи фетиши од нивните светости, што беше само прашање на време кога вицот ќе затропа на нивна врата.  

Капиштец го чека својот Бонамаса

Во комшилук на Џо Бонамаса имало журка, малку прегласна за тамошните стандарди на резиденцијалниот кварт (инаку, смешка во споредба со аудио теророт кој Интермецо со години му го прави на Капиштец), ама па тој решил да не им ќути. Гитара, појачало, овердрајв на најјако и - Smoke on the Water. Јер говеда со убаво не се разбираат. 

Во ништо да не верувате

Ќе ја објавевме и ние девојката која покажува колку е ладно кај неа со истурање вода надвор а водата инстантно замрзнува во спирала како што таа ја истура. Ама тие денови го објавивме оној клип со гз папирот, па да не тупиме многу со тоа ладното. Десетици дена и десетици милиони лајкови подоцна, малата признава дека е превара и објаснува како е направена.   

Чувајте си ги парите, ама и мигрантите и ЛГБТ активистите

Пораката од Орбан до централата во Брисел е: „Нема доволно пари на светот кои би нè присилиле да примиме мигранти... И нема доволно пари на светот за кои би ги ставиле нашите деца и внуци во рацете на ЛГБТ активисти. Тоа е невозможно.“

Француските земјоделци не се договорија со властите

Во Франција барем е едноставно, нема тивко страдање, кога на земјоделците не им е по мерак, на никого нема да му е по мерак. А тие па имаат средства и начин како да бидат уверливи.

Комедија, денес

Откако американската армија ги снижува стандардите за примање на нови регрути, магазинот Мад во август 2006 објавува карикатура за тоа како ќе изгледа армијата на иднината. Човек да помисли дека препишувале од книга.

Ова не постои

Ова што пред ваши очи го гледате како игра на видеото и што пред банкарски очи заработува по 30.000 долари месечно, а којзнае што се случува во нејзините пораки по социјални мрежи, не постои. Се вика Лекси Лов и е целосен производ на вештачка интелигенција, или по ново ВИ модел.

Авдивка, Бахмут ти ќе бидеш

Неодамнешна снимка од улиците на украинскиот град Авдивка во кој се случува реприза на ланската битка за Бахмут. Русите на сите загинати уште го немаат освоено, а во исто време не им е проблем да го бомбардираат без запирање.

Британската полиција почна да лови на пијаници

Користејќи ја една од најстарите финти британската полиција пушта на улица свои луѓе во цивилка, што глумат и се тетерават како да се здробиле вечерта, во надеж дека ќе им се налепи некој од локалните битанги што навечер патролираат по улиците. И им успева.

Интернетот како природна селекција

Ако некогаш природната селекција и преживувањето на подобриот зависело од тоа дали ќе можеш да се спасиш од волк или дали ќе бидеш доволно способен да снабдиш храна за да преживееш, денес зависи од тоа колку ти сече да прифатиш или одбиеш интернет предизвик и логика. Пример дека ако збрцаш две вилушки во два тостера тоа меѓу себе се поништува и ништо нема да ти се случи.

Не дека не сме биле во вакви кафани...

„Ресторан на згрешени нарачки“ е името на овој поп-ап ресторан во Јапонија во кој 37% од нарачките се утнати затоа што целиот келнерски персонал го сочинуваат луѓе со деменција.  Иако го добиваат она што го нарачале само во 63% од случаите, 99% од посетителите заминуваат среќни од ресторанот. Така де, големо чудо ако ти донеле ориз наместо нудли. А старине - срцки.

Полска ода за скопскиот Санос

Полски ТВ прилог за она што таму уште го памтат како легенда на нивните патишта и друмови. Автобусите кои се правеа во Скопје, додека криминалот наречен „трансформација на општествениот капитал“ не реши поинаку. Во Полска имаме извезено неверојатни 3.500 автобуси (сега се фалат ако КУПАТ дваесет), кои со својот комфор и легендарна машинеријата (милион километри без ремонт) биле незамисливи за локалната конкуренција.