Видео

Епл, од револуција до патетика

Иако немаат направено ништо парадигматично вредно откако го нема Стив Џобс, Епл пробува да остане „ин“ со глацање на јаболкото. Видеово е да не ти се верува: На состанок кој го води главниот (Тим Кук, ЦЕО, 62 години, 1,9 милијарди долари), на гости им доаѓа - Мајката Природа (?!) па вработените ѝ рецитираат што сè тие прават за климата. Мислеле на сè: мама е црнкиња.

Превисока мода

Дечко ладно прошета по писта на некоја модна недела, по патики, натната мушама и капа за туширање, внимателно следен од погледите на модните зналци и сладокусци натопорени крај пистата. Требаше обезбедување да дојде и да го спакуваат мајтапџијата, за овие да сфатат дека не е дел од „линијата.“

Како изгледа сообраќаен колапс во Данска

Во Данска автомобилите отсекогаш се сметале за луксуз па уште првите возила во далечната 1924 биле оданочувани со 20%. Денес данокот знае да биде и 150%. Ве занима како тоа изгледа во шпицот? Пазете уште нешто, на ниеден да не му текне да ја напушти лентата и да фати да ги прешишка другиве. И некој мисли дека „само уште Бугарите во устав“ и ќе станеме Европа? 

Учителкe, не ви е добро

Прво сетете се на своите учителки од градинка (учителка Менка и учителка Мица, молим лепо) а потоа видете и слушнете на што игледа светогледот на една денешна учителка од градинка, од Кејп Корал во Флорида. Колку несреќно суштество, боже, боже. Па уште и на позиција да унесреќи уште којзнае колку млади души.

Сеќавање на њујоршкиот Армагедон

Минаа 22 години од неверојатната глетка кога Менхетн се рушеше пред очите на светот. Тоа беше катастрофа со продолжено дејствување затоа што покрај домашните жртви, се тргна на Авганистан за да биде ослободен од злите Талибанци (кои денес повторно се на власт). До ден-денес не е повторен тој трик, како со два авиона се рушат три згради.

Фидел Кастро: Јас имам морален панцир

1979 година. Западните медиуми/пропаганда шират муабети дека кубанскиот претседател Фидел Кастро е смртно уплашен за својот живот и не мрда никаде без заштитен панцир кој го носи под кошулата. Новинар директно го прашува за тоа. А Кастро, не одговара, Кастро покажува.

Вуди Харелсон ја изремети Америка

62 годишниот актер (чиј татко беше платен убиец) имаше махерски одговор на стандардно политизираните новинари кои се убедени дека светот едвај чека да слушне што еден глумец мисли за руско-украинската војна која во неговата земја се замислува како епска битка меѓу Злото и Доброто. Па, еве дозна.

Слушнете го мудриот Садгуру што вика за името

Садгуру е духовен учител и јогин од Индија, англиско име на земјата што ѝ го дадоа нејзините поробувачи и колонизатори. „Кога некој окупира друг  народ, прва работа што ќе ја направат е да ти го сменат името. Ако ти дадам бесмислено име, ти за мене стануваш бесмислен човек. Бидејќи јас имам име кое значи нешто, имам традиција, имам култура... ти немаш ништо“.

Легитимитет за поткусурување

Еден од најголемите политички гревови што му се припишуваат на Доналд Трамп е што ги сомничеше и не ги признаваше изборните резултати од неговиот претседателски дуел со Џо Бајден. Со такво непризнавање на легитимитетот, јелда, се рушат демократските принципи, се влева недоверба во системот... Само четири години порано, сосема друга песна се пееше. 

Стоунси се враќаат прејаки

После цели 18 години, Ролинг Стоунс вадат нов албум. Тоа може за обични смртници да е долг период, за Стоунси и за желки од Галапагос не е. ‘Hackney Diamonds’ ќе излезе на 20-ти октомври а вратата е веќе подотворена со првиот сингл „Angry“. Како песната? Како кога после којзнае колку време ќе пробаш патлиџан кој те враќа во детството.

Време е кенкачите да пораснат

Основана во 2021 година, RedBalloon брзо прерасна во најголемата и најуспешна американска  платформа за работни места, бизниси и таленти, каде се горди на своето противење на монструозната кансел култура и разбудените идеолози. Погледнете една нивна реклама, со „прцање“ на сите денешни идеолошки тотеми и фетиши.

Заслужуваме ли?

Социјални мрежи се полни приказни за игнорирање на туѓи маки, за немање емпатија, за вртење на главата на страна... Еве една сосема поинаква приказна од животинскиот свет. На бебе слонче му се чини дека човек се дави во реката. Нит мама дал ќе даде, нит тато дал ќе дозволи, веднаш тргнува да подаде сурла.

Мадам Бајден пак фати ковид

Сопругата на американскиот претседател, 71 годишната Џил Бајден по втор пат закачи ковид (вакцинирана, бустирана, сè по пропис). Прекрасна можност да се потсетиме како нејзиниот маж ја убедуваше неа, a попат и целата американската и светска јавноаст дека тоа не е можно.

Колку мачиња и кучиња се запишаа годинава на школо?

Го фативте она со мајката што се жалеше дека ветеринар не сакал да го прегледа нејзиниот син а тој се идентификува како маче? Пишавме дека ја објавуваме исповедта со огромна надеж дека се работи за заебанција. Не бе, брате, еве панел кај Пирс Морган којшто дебатира за децата кои во школо се мислат за коњи, кучиња и мачки и притоа од околината се очекува да го почитува тоа.

Човекот како ориз

Ова е посликовито и поефикасно од многу напредни дигитални алатки и финти за графичко прикажување на нештата. Најаналогна можна изложба во која се претставени реалности низ прецизни купчиња ориз, во кои еден човек е едно оривче. Да видите само колку луѓе годишно умираат од лоша вода за пиење, или илегално го минуваат Ла Манш, или ги имаат изгубено домовите во ланските поплави во Пакистан.

Кога ќе им нацртаат „прав пат до ЕУ“

Ич нејќеме површни политички паралели (така 'Окно' правеа на времето, и за пеперутки да пишуваа, мораа да завршат со нешто за Грујо), ама ова неодоливо нè потсеќа на хипнотизиразноста, трансот и кататоничноста на некои шупливи еврофили кои толку ги магепсува тој пат што стануваат ем комплетно несвесни за реалноста, ем неспособни да мрднат од мртва точка.

На Африка и е страшно прекипено

Американците даваат пари во Африка за агенда што тие мислат дека и е неопходна на Африка. Кина и Русија не даваат пари, даваат оружје и обука за Африканците да можат да се одбранат, што во исто време е и афиканска агенда. Ликот се вика Џошуа Мапонга и е од Зимбабве и многу му е смачено од западната добронамерност.

По куферите револуцијата се познава

Наводно снимка од безбедносните сили на Габон која доаѓа од претседателската палата по воениот удар што деновиве се случи во земјата, во која беше соборен про-западниот (главно про-Француски) претседател Али Бонго Одбимба, кој беше на власт од 2009-та.

Ќе ме сакаш ако сум машко?

Кратка приказна за криминал со неповратни последици направен врз едно дете, благодарејќи на неговата кретен од мајка и „добронамерни“ лекари кои се сигурни дека дете на 11 години знае што е проблемот со него па го пуштаат низ болни и иреверзибилни терапии кои засекогаш ќе му го сменат животот. За по некоја година да падне пак муабет на таа тема.    

Орбан: Враќајте го Трамп, иначе отиде светов

Чекајќи го интервјуто со Вучиќ (неговата драма и патетика ни се гилти плежр), да го чуеме разговорот меѓу два конзервативни тешкаши, Такер Карлсон и првиот човек на Унгарија, Виктор Орбан. Многу јасни позиции и ставови има Маџарот. Да го чуеме изворно па ќе чекаме рецензија од некои од оние псевдо-либералните бројлери, да дознаеме каде тоа Орбан е ужасен фашист.

Пази каква фина тема за дискусија ако сакаш да се скараш со дечко ти / девојка ти

Анкетата (на руски) поставува прашање за кое навидум и ние и жените мислиме дека сме едногласни, а тоа да ти било војна. Прашањето: дали би биле согласни да се направи ДНК тест на вашето бебе по породување? И?

Кучето кое намагарчи едни двајца

Буриданово магаре е илустрација за еден парадокс во филозофијата во врска со концептот на слободната волја. Се однесува на хипотетичка ситуација во која магаре е ставено точно на средина меѓу два пласта сено. Не можејќи да се реши каде попрво да тргне,  магарето умира од глад. Двајца филозофи аматери го пробуваат концептот на едно куче, мамејќи го со по една виршла. 

Кошмарот на Ѓинѓиќ

Тогашниот српски лидер и еден од столбовите на тамошната либерална мисла, го објаснува својот страв околу Косово: Замисли да сме врзани во држава во која српски компании се купуваат од албански бизнисмени со косовски нарко долари, а ти не можеш да отидеш до Призрен или Приштина едно кафе да испиеш.

За африканските работи

Пораката од Африка е - хуманитарци доста ни помагавте, ако стварно сакате да ни помогнете оставете нè на раат. Ако до сега Западот на некого вистински му помогнал, тоа е само и само сам на себе.