Видео

Џефри Сакс: Макрон па ич не ми е јасен

Сам ми има кажано дека проширувањето на НАТО во Украина е причина за конфликтот во кој се наоѓаме. Сега тврди нешто сосема спротивно. Не ми е јасно што му е. Ако е игра за политички гласови - губи. А и воопшто не е е игра. Не можам да сварам ваква инфантилност. Овие луѓе треба да пораснат. Последното нешто што го сакаат Французите е да гинат во Украина.

Лекциите веќе не минуваат

Никако да сфатат дека со помпезноста и замислената морална супериорност, нивното попување веќе не проаѓа ни кај вториот ни кај третиот свет. Оној новинар на BBC кој се изгоре од соговорник од Јужна Африка, сега нагази на претседателот на Гвајана, кому реши да му опишува колку јаглерод диоксид ќе биде испуштен од нивната нафта. Да, а? А знаеш ли дека ние чуваме шуми големи колку Англија и Шкотска заедно?, му враќа младиот Мохамед Ирфан Али.

Науру стана другар на Кина

Државата со некои си 12.000 жители неодамна одлучи да ги прекине дипломатските односи со Тајван. По тој повод претседателот на земјата беше поканет во Пекинг каде му беше направен пречек што го немаат видено 99% од светските лидери што ја посетиле Кина, а бе сакаш гарда, сакаш топови, сакаш поворка, сакаш сите министри. Сè. Комплет.

Не е само диктатор да бидеш, треба на сè да мислиш

На севернокорејската телевизија некако стигнува некоја западна програма за градинарство од почетокот на 2000-те. Вам тоа можеби ви изгледа целосно безазлено, ама на цензорите во Пјонгјанг очи им истера западната пропаганда која се промовира преку програмата - фармерки, според тамошните власти еден од главните симболи на американскиот империјализам.

Главен инженер на брод објаснува околу бродската несреќа во Балтимор

Бродот не е хакнат, судирот не е намерен, грешката се случува кај моторот не кај управувањето, на таа брзина нема сидро што ќе запре брод од 100 илјади тони за толку кратко време, не е одржуван бекап генераторот и затоа не проработел како што треба, Хјундаи прави каков брод што ќе му нарачаш и неверојатно е колку се понапред од Америка.

 

Што толку Америка се фуфка од Кина?

Ни Британија, ни Франција, ни Германија, ни Индија немаат конкурентни верзии на американските Гугл, Фејсбук, Амазон... Од друга страна, Кина не само што има, туку има подобри и поголеми. Но, таа има и нешто друго, мулти-финкционална апликација преку која, меѓу другото, можеш да му пратиш пари на кого сакаш во светот, без провизија. Е, тоа допрва ќе боли. СВИФТ-но ќе боли.

Битката за Брисел се води со измет и вода

Во неколку досегашни свои гостувања во центарот на Брисел, белгиските и европските земјоделци дојдоа со трактори што влечат цистерни со измет (инаку за употреба на нива). Истото го повторија и сега, само во меѓувреме на белгиската полиција и текна дека во гаража има водени топови.

Време е да престанете да им верувате на своите очи и уши

Додека ние остануваме тие па тие, вештачката интелигенција нема попаметна работа туку да учи и да се надградува себе. Имаме два примера да ви покажеме до каде е моментално стигната работата, со задолжителното „а замислете за пет години“. Првото видео е за тоа како може да се смени готова филмска сцена а второто е уште позаебано, пошто е нај-нај-најнормално. А не е.

Бев Панк пред тебе

Документарец за белградскиот панк. Сведочат и се сеќаваат Цане од Партибрејкерс, Гиле од Оргазам, писателот Владимир Арсенијевиќ, режисерот Срѓан Драгојевиќ, драматургот Небојша Пајкиќ и други преживеани ликови од таа сцена. Во музичка смисла, панкот е тесен простор (два акорда, брзо, луто) но е драгоцен како платформа за градење фајтерски гард кон авторитетите од секаков тип.

Што коцкар мисли дека изгубил и што казино знае, не се иста работа

Дејна Вајт едно утро по заглавување во казино се буди прилично разочаран што ноќеска изгубил 80.000 долари на коцка и на телефон во разговор со казиното им кажува дека ќе им ги памти овие 80 илјадарки. Казиното пак извадено од памет што овој мисли дека биле 80.000.

Америка доби аплауз на отворена сцена

Границата на воодушевување од САД во Обединетите нации моментално е симната на тоа да не блокира резолуција на Советот за безбедност со која се бара прекин на огнот во Газа. СБ се труди да ја донесе резолуцијата, а САД става вето, уште од октомври минатата година кога израелската војска влезе во Газа. И овој пат САД не гласаа за резолуцијата, ама барем не ставија вето, туку решија да бидат воздржани.

Црвената крава и Третата светска војна

Пазете го овој детал во таа верско-историската калакурница. Хамас тврди дека израелски десничарски екстремисти планираат да жртвуваат црвена крава за да го остварат пророштвото дека на местото на џамијата Ал Акса (која има посебно место во исламот) еден ден ќе биде изграден фамозниот еврејски Трет храм.

Најиб Букеле не запира

На северот од Ел Салвадор беа убиени две лица и за кратко време двајцата убијци од Суренос бандата беа уапсени. Сега, за целосно да се искокрени бандата од тој дел на земјата, Букеле испрати 5.000 војници и 1.000 полицајци.

Мечка страв, Кенди не страв

Кендис Овенс собра храбрсот јавно да го изговори она за што во Америка не се ни шепоти. Дека Израел ги контролира американските медиуми. „Секој американски политички коментатор го знае тоа со години. Дека ако не излезеш со гласни про-израелски ставови, па дури и ако си премногу тивок за нешто, можеш да изгубиш сè“. Кендис дефинитивно има поголему муда од Дилан Малвени.

Премиерот Владимир Путин

Во септември 1999 се случува серија од четири експлозии во неколку станбени згради во неколку градови во Русија. Загинуваат 300 луѓе, а над 1.000 се ранети. Владимир Путин во тоа време едвај нешто повеќе од 1 месец е премиер на Русија.

Камала фати погрешен ритам

За време на посетата на американската потпретседателка на Порторико, група насобрани граѓани удриле на песна, на шпански. За да им покаже дека го чувствува „вајбот“, Камала Харис фати со плескање раце да држи ритам со песната, сè додека не ѝ објаснија дека распеаните локалци не се одушевени од нејзината посета и дека тоа е протесна песна со која ја тролаат.

Кога нема власт, важно е да има народ

Во гратче во јужна Шпанија се случува грабеж на златара. Иако прилично прометно место, полиција нема ни за лек. За среќа има комшии и минувачи.

Гитарските херои на Марк Нофлер

Ако се каже дека поставата која учествува во оваа песна е легендарна, ќе биде малку. Специјална снимка на ‘Going Home (Theme From Local Hero)’ од Марк Нофлер претворена во 9 минута музичка епопеја. Од Дејвид Гилмор до Рони Вуд, од Слеш до Ерик Клептон, Стинг, Спрингстин, Пит Таузенд... Како посебна чест, песната се отвора со последната снимка од покоен Џеф Бек.

Тешко време да се биде жена

Одличен наслов за панел дискусија кај Пирс Морган, наслов кој добива супер ироничен призвук ако тема на дискусијата е Дилан Малвени, оној хибрид кој јако го наплати своето транзитирање од маж во жена за на крајот на процесот да ни открие дека го привлекуваат жени. Со други зборови „Дилан испадна дека е лезбејка“. Морган му влезе со клизачи кога Дилан го опиша како „верзија на Гугл Џеминај за силна и независна жена.“ Баш.

Едвард Сноуден: Цел свет мора да го види ова

Со голема резерва и неубаво во душата, решаваме сепак да ви го проследиме видеото од Газа кое го препорача Едвар Сноуден за отворање очи што се случува таму. Се работи снимка од ладнокрвно убиство на четворица млади невооружени луѓе кои пробувале да стигнат до своите разрушени домови. Еден од нив испадна само ранет, но и него го дотепаа.

Португалија е Балкан

Иако на многу начини прекрасна земја, секој кој бил во Португалија можел да го осети нејзиното не толку дамнешно „сиромашко“ минато (уште имаат дуќани ко кај нас „Ванила“ што беше). Иако нејзината неутралност во Втората светска војна ја поштеди од жртви и рушења, во Португалија првите демократски избори се одржани дури во 1974 година. Асоцијациите не престануваат тука.  

Дечкото кој го убеди ЧетГПТ дека постои Господ

Алекс О' Конор е паметен дечко со жилет мисла. Потребно е многу знаење од филозофија и логика, систематичност и полемичка луцидност да се изведе мисијата која си ја задал. Дијалогот меѓу него и ЧетГПТ на тема дали постои Господ не е лесен за следење, но ако сте по„филозофирање“ (вештина која за народот кој дреме по кладилници е чисто губење време), уживајте. 

Страшни работи нè чекаат

Ако ова не ве уплаши, тогаш ни од мечка не треба да се плашите. Видео спакувано од оние генератори на видео содржини управувани од вештачка интелигенција. Во случајов кратко интервју со Џозеф Бајден и Барак Обама. На Обама можеби може уште малку да се поработи, ама Бајден е пасент. Е, сега замислете што ќе има за едно пет години и како сите ќе збудалиме.

Мастерклас на Џефри Сакс

Кај Пирс Морган беше Џефри Сакс, американски економист, политички аналитичар и професор на Колумбија, еден од сè поретките морални вертикали на глобалното јавно мислење. Важи за еден од најбараните говорници на светот а има најави дека можеби наскоро ќе го видиме и во Македонија. Нема проблем да каже што мисли за Путин и Украина, за забраната на ТикТок, за изрелската влада.